Заедно со претходните законски решенија, напиша тој, вкупниот опфат на стечајци што го оствариле или ќе го остварат правото на надомест во висина од 9.242 денари до нивното пензионирање, е близу 13.000 лица!

Објавил: Владо Марин | 18 јули, 2021 11:02

Заев: Уште 1.100 стечајци ќе добијат надомест до пензија?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Со измените на Законот за стечјаци, правото на материјално обезбедување ќе го остварат уште најмалку 1.100 стечајци, објави Зоран Заев на неговиот ФБ-профил.

Заедно со претходните законски решенија, напиша тој, вкупниот опфат на стечајци што го оствариле или ќе го остварат правото на надомест во висина од 9.242 денари до нивното пензионирање, е близу 13.000 лица!

Определбата на Владата за спроведување социјални политики насочени кон сите наши граѓани од ранливите категории, како што се стечајците, пензионерите и невработените, продолжува и во наредниот период, објави Заев на Фејсбук.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести