Премиерот Заев рече дека во ликот на Грција Македонија добила нов и добар пријател.

Објавил: Рејхан Бајрами | 16 февруари, 2019 20:43

Заев : “Ципрас и јас сме пример за сите во светот”

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

На Минхенската безбедносна конференција премиерот Зоран Заев имаше свое обраќање заедно со грчкиот премиер Ципрас, и рече дека Преспанскиот договор може да биде пример за решавање на други спорови во регионот и во светот.

Тој во своето обраќање рече дека заедно со грчкиот колега Ципрас дошле до решение за кои сите мислеле дека е невозможно и дека се голем пример во светот за европско лидерство.

Премиерот Заев рече дека во ликот на Грција Македонија добила нов и добар пријател. Се надоврза дека Македонија е тргната на добра насока и сите надеваат дека на јунскиот самит конечно, по 15 години Македонија ќе добие датум за почеток на преговорите со ЕУ.

-Дојдовме до решение кога сите мислеа дека е невозможно. Тоа е европско лидерство. И Ципрас и јас научивме од европските лидери за трпение, разбирање за другите и желба за помирување која е темел на европските вредности.

Знаевме дека за нас не постои друга алтернатива освен НАТО и ЕУ интеграција. Отворањето на пристапните преговори со ЕУ и поканата од НАТО ќе дадат поттик за спроведување на историскиот Договор со Грција. Го искористивме времето во чекалната се подготвиме за пристапните преговори. Денес сме подготвени и политички и институционално. Не охрабрува стратегијата за проширување на ЕУ и имаме јасна препорака, изјави Заев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести