Заев посочи дека  работи на зголемување на регионалната соработка – процес кој ЕУ го препозна и сака да го поддржи со 1,2 милијарди евра.

Објавил: Катерина Крстиќ | 24 декември, 2019 16:50

Заев: Чекањето за ЕУ, да станеме европејци, не уби сите

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Премиерот Зоран Заев на новинарско прашање дали побарал мислење од албанските партии за влез на земјава во т.н. мини шенген истакна дека она што моментално го работи Владата не е ниту мал шенген, ниту мала Југославија.

Премиерот Заев рече дека доколку во Собранието не бидат донесени суштинските закони кои се значајни за животот на граѓаните, тогаш изборите може и да се одложат, изјави денеска премиерот Зоран Заев, додавајќи дека сепак не го посакува тоа.

Заев посочи дека  работи на зголемување на регионалната соработка – процес кој ЕУ го препозна и сака да го поддржи со 1,2 милијарди евра.

Должност ми е како премиер да го олеснам животот на нашите граѓани и за таа моја обврска не гледам причина да се консултирам. За вакви прашања треба да дејствувам, да делувам кога можам повеќе, рече денеска претседателот на Владата. Балканот конечно седи на маса со своите лидери и изнаоѓа решенија за проблемите. Овој процес на зголемена регионална соработка значи ЦЕФТА плус, RCC плус, Берлински процес плус. Чекањето за ЕУ, да станеме европејци, не уби сите. Дотогаш можеме малку повеќе да сработиме сите, што зависи од нас, да отвориме дополнително две ленти, да го овториме граничниот премин Голо Брдо, полицајците да бидат поефикасни. Ако треба некого да прашам за тоа да го работам, еве нека кажат што им смета, дали е тоа БЕСА, ДУИ, коалициски партнер, некоалициски партнер, власт, опозција. Нека кажат тоа ни смета, не не прашавте за тоа, јас сум подготвен да разговарам веднаш. Ги повикувам сите да кажат против што се. Дали се против тоа што сакаме да ги намалиме за 80 отсто чекањата на границите од што во моментов целиот Западен Балкан губи една милијарда евра годишно?, напомена Заев.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести