Транспарентно како што знае да каже самиот тој, Заев имаше скандалозно признание дека лично ги селектирал бомбите за ДУИ кои треба натаму да се објавуваат и преведуваат од страна на Чаушот. Ова е уште една потврда дека проектот на Заев за „Вистината за Македонија“ било само една обична конструкција за манипулација со јавното мислење на граѓаните и доаѓање на власт.

Објавил: Катерина Крстиќ | 12 мај, 2020 23:21

Заев: Јас лично селектирав кои бoмби за ДУИ да се објавуваат

Фото/Текст извор: ©КУРИР.МК

При денешната изјава по завршувањето на лидерската средба на Водно, претседателот на СДСМ, Зоран Заев ја потврди автентичноста на снимките објавени од страна на Инфомакс пред неколку дена. Тој потврди дека го навредувал и пцуел македонскиот народ, дека го контролирал СЈО и невладиниот сектор, како и дека бомбите ги дал на преведување на негови сопартијци.

Транспарентно како што знае да каже самиот тој, Заев имаше скандалозно признание дека лично ги селектирал бомбите за ДУИ кои треба натаму да се објавуваат и преведуваат од страна на Чаушот. Ова е уште една потврда дека проектот на Заев за „Вистината за Македонија“ било само една обична конструкција за манипулација со јавното мислење на граѓаните и доаѓање на власт.

На прашањето на уредникот на Инфомакс, Александар Митовски „од разговорите кои ги преведувал Чауш, најдовте некој индици за еветуална криминална вмешанот на господинот Ахмети и второ прашање пред малку рековте дека вие сте уверени дека ќе ја добиете честа да ја водите Владата од граѓаните. Што во ситуација да не ја добиете? Повторно ќе биде вашето мислење за граѓаните онакво какво што го слушнавме на снимките кои беа објавени на Јутуб?

-Прво преведувањето на разговорите од албански на македонски после селекцијата која ја правев, беа преведувани во СДСМ од партиски членови и активисти на СДСМ. И токму таа беше претходната причина за да може да се објават разговори за ДУИ и тие беа објавени како разговори за ДУИ. И тука беше причината за преведувањето. Но самото тоа потврдува дека се веќе селектирани разговори кои одат на подготовка во прес центарот со самото преведување, поради јавно и транспарентно објавување. Што уште еднаш само потврдува дека сите разговори кои СДСМ ги посодеувал ги дал исклучиво и само исклучиво на СЈО. Во вториот дел, мојата почит кон македонскиот народ секој ден е изразена. Јас му служев на овој народ, имав чест 2 ипол години како премиер, мал период како пратеник во нашиот парламент, 12 години како градоначалник исто така на македонскиот народ. И македонскиот народ ја давал поддршката секогаш затоа што знае колку Заев го почитува својот народ и е подготвен да работи паметно за да понуди прогрес и перспективи за својот народ. И тоа е така и никако поинаку, вели Заев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести