Не би бил чесен ако кажам дека не сум задоволен од Филипче и заменикот Илир Хасани. Задоволен сум.

Објавил: Рејхан Бајрами | 24 септември, 2021 6:00

Заев: Јас сум задоволен од Филипче

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Мене ми се потребни влезните информации од извештајот, за да можам мирно да спијам и слободно да ја донесам и оправдам одлуката, без разлика дали е оставка и прифаќање или, пак, неприфаќање, изјави премиерот Зоран Заев, во однос на  одлуките за оставките на првите луѓе во здравството по пожарот во тетовската модуларна болница.

Заев, во вечерашното гостување на Телевизија 24, посочи дека чека на тоа што ќе се потврди со, како што кажа, „професионалното, целосно независно вештачење“.

Штом ќе се соопштат причините за пожарот, сите детали неопходни, тогаш јас ќе можам да изградам свој став по основ на овие, според мене, високо етични морални чекори кои што се направија од страна на министерот, заменик-министерот, директорот, и економскиот директор таму, изјави премиерот.

Тој потенцираше дека одговорност секако ќе има, но исклучиво заради причините и аргументите кои што ќе бидат на основа на вештачењето.

– Не би бил чесен ако кажам дека не сум задоволен од Филипче и заменикот Илир Хасани. Задоволен сум.

Тоа го кажуваат граѓаните на сите истражувања и анкети. Зошто, заради начинот на однесувањето за време на пандемијата, начинот како се справуваше со сите одговори, прашања, транспарентноста, стабилноста, работењето со експертите, со сè. Втора работа, како кај секој човек, и кај мене, пандемијата трае, бројките се на едно лато и не се спуштаат, уште траат, горе се и треба и со тоа да се управува. Тука е одговорноста, ќе учите некој следните шест месеци, која е цената што ја плаќате со тоа, а притоа не знаете, има ли вина човекот, и заменикот, и директорите, зборувам за сите, потенцираше Заев.

Дали има некаде пропусти, дали има невнимание, многу често, етичкиот дел се дава од тоа да се испрати пораката за да следните, не само министер за здравство, и други, внимаваат на процедурите, на принципите, на сè. Тоа е односот кој што сакаме да го воочиме, и од тука, како секој човек, сакам да донесам свој став и свој заклучок, посочи Заев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интервју

„Има документи, согласности, уснени согласности, телефонски разговори, за секој пациент докторите се должни да ги информираат. Ние први воведовме видеоконференција

Жан Митрев: Не се плашам од обвинение, ќе се докажувам и 100 години ако треба – никогаш не сум рекол дека хемофилтрацијата е лек

Неговиот вечерашен јавен настап во кој се бранеше од наводите во документарниот филм...

Зошто никој не зборува за германскиот предлог во времето на владата на Меркел, од нивното претседателство, каде исчезна тој?

Имам информации дека владата на Ковачевски го прифатила предлогот од Париз

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вчерашното гостување во емисијата...

„Јас не се занимавам со економијата на семејството, колку пари кружеле… Добро е, дојдете еден ден кај мене дома, зборувајте со мојата сопруга“, рече Ахмети.

Ахмети не знае колку чини маслото за јадење: Зборувајте со сопругата, не се занимавам со економијата на семејството

Лидерот на ДУИ Али Ахмети во гостувањето во емисијата „Клик плус“ на ТВ21кажа дека...

Вели дека е подготвен во секој момент да седне на маса и да разговара за сите теми со Ковачевски, но на тие средби ќе мора да се разговара и за предвремени ибори.

Мицкоски: Немам намера никого да уценувам, подготвен сум во секој момент да седнам на маса

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски тврди дека блокадата на Собранието не е начин...