Ќе се менуваат имињата на министерствата, МАНУ, МРТ...

Објавил: admin@magazin | 20 јуни, 2018 9:23

Заев: Јас ќе бидам премиер на владата на Република Северна Македонија-

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Јас ќе бидам премиер на владата на Република Северна Македонија кога ќе се случат Уставните промени и нивната имлементација како што е опишано во Договорот, истакна премиерот Зоран Заев во емисијата „Само Вистина“.

Заев подвлече дека сите државни институции, според договорот, ќе ја додадат придавката „Северна“ во своето име.

Како пример, тој го посочи Министерството за здравство на Република Македонија кое ќе биде преименувано во Министерство за здравство на Република Северна Македонија.

Исто така, Заев посочи дека, името на Македонската академија на науките ќе се преименува во Академија на науките на Северна Македонија, како и името на Македонската радио телевизија ќе биде телевизија на Северна Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести