Доказ дека Заев ја губи контролата врз владата и партијата е неуспехот да ја реализира најавената реконструкција, но и се позачестениот притисок да си замине од челните функции

Објавил: Мартин Попоски | 18 декември, 2018 6:36

Заев ќе се кандидира за претседател, не дека сака, туку затоа што мора?

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Внатрепартиската поделба во СДСМ, како информираат високи партиски функционери, се префрлила во дворот на коалиционите партнери, кои и даваат поддршка на фракцијата на Шекеринска, Заев да биде претседателски кандидат.

Имено веќе објавивме дека Заев поради внатрепартискиот притисок и нема да изврши реконструкција на владиниот кабинет, иако ја најави.

Шекеринска смета дека таа е идеален негов наследни на премиерското место, за партиското ќе се размисли, а Заев како претседател може достоинствено да си замине од политичката сцена.

Многу е веројатно премиерот да се кандидира за шеф надржавата, велат високи извори во владината коалиција.

И покрај тоа што Заев, пред неполн месец, се изјасни дека има подобри кандидати од него, и оти имал намера да си остане на премиерската функција до крај на мандатот, неговите коалициони партнери не се убедени во неговата искреност.

Извори велат дека се погласно меѓу партнерите во власта се дискутирало ова прашање. Односно дека многу е веројатно дека тој ќе одигра слично како Вучиќ во Србија, кој до последно тврдеше дека нема да учествува во претседателската трка.

И коалициониот партнер на Заев, претседателот на ЛДП Милевски му порача декa e можно неговата партија да ја трка претседателската рута сама,со сопствен кандидат. Неофицијално кандидатот е одбран, само се чекало конечното изјаснување на премиерот дали сепак ќе одлучи да се бори за шеф на државата.

Но ова не е единствената раздвојна линија на ЛДП од СДСМ. Имено Милевски, кој беше одново избран за прв човек на партијата, јавно упати критички пораки до Заев.

Но незадоволството од политиките на Заев, има и меѓу останатите коалициони партнери, особено НСДП, партијата на Турците, како и оние од десниот блок – ДОМ, партијата предводена од Стојанче Ангелов.

Разочараноста била заради кадровските решенија, СДСМ не делела со нив од шлагот наречен вработувања и владејачки привилегии, односно „мислеле само засебе“, велат нашите извори.

Што се однесува до претседателската кандидатура на Заев, најповеќе се крена прашина по последните анкети, кога неговиот рејтинг и рејтингот на неговата партија скокна многу високо помеѓу албанската заедница. Во тој момент беше прилично дискутабилно, споредено со референдумскиот резултат, кога албанските гласачи не ги исполнија очекувањата на власта,односно не излегоа во процентот кој владата го имаше како проценка.

Неколку дена потоа Заев демантираше, но албанската опозиција и неговиот партнер Ахмети, се прилично воздржани на прашањето премиерот да биде консензуалниот кандидат за шеф на државата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.