Премиерот истакна дека инвестирање во инфраструктура и опрема, ќе бидат број еден планови во иднина, а истакна дека особено важен е проектот изградбата на нов, модерен Клинички центар во Скопје, како и постојаното вложување во човечкиот капитал. 

Објавил: Катерина Крстиќ | 8 септември, 2020 16:27

Заев: Ќе се справиме со коронавирусот само ако сме здружени и ако ги почитуваме мерките

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На денешната прослава по повод 8 септември премиерот на државата Зоран Заев се осврна и на прашањето за решавање на борбата со пандемијата. Тој посочи како и до сега дека власта ќе се грижи за справување со Ковид 19.

Ова мора да ни биде првата мисла при будење додека не ја извојуваме и оваа битка со овој невидлив непријател. Но како и светот, така и ние, ќе се справиме само ако сме здружени и ако ги почитуваме мерките. Ова важи за сите. Без исклучоци, рече премиерот Зоран Заев, на денешната прослава по повод 8-ми септември денот на независноста.Ќе успееме. Заедно сме во ова, заедно ќе успееме. Обезбедивме функционалност на здравствениот систем и секому му е пружена соодветната здравствена заштита. Оваа пандемија уште посилно ја потврди нашата заложба и во овој мандат да продолжиме со инвестирање во здравствениот систем.

Премиерот истакна дека инвестирање во инфраструктура и опрема, ќе бидат број еден планови во иднина, а истакна дека особено важен е проектот изградбата на нов, модерен Клинички центар во Скопје, како и постојаното вложување во човечкиот капитал. 

Освен грижата да се зачува најскапоценото, здравјето на граѓаните, во справувањето со оваа криза спроведовме и низа економски мерки. Мерки со кои се обезбеди егзистенцијата за голем број граѓани, се зачуваа работните места и се одржуваше кондицијата на економијата. Владата продолжува со нови антикризни мерки да ги поддржува ранливите категории граѓани и најпогодените економски сектори, рече Заев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести