15 јули е денот кога граѓаните ќе потврдат дека продолжуваме на правиот пат, патот кон развој и напредок, кон економски раст и интеграција, тврди лидерот на СДСМ, Зоран Заев!

Објавил: Владо Марин | 17 јуни, 2020 6:18

ЗАЕВ: 15 јули, денот на изборите ќе биде неработен ден за сите граѓани во Македонија!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

СДСМ го заклучи 15 јули како конечен, последен и единствен датум за избори на коишто гарантирано ќе учествува опозицијата. Избори кои се за спас на државата, вели лидерот на СДСМ, Зоран Заев!

Со избори на 15 јули, изборниот ден е во среда и е неработен ден за сите граѓани.

13 и 14 јули, односно понеделник и вторник, ќе бидат деновите кога ќе гласаат болни и изнемоштени лица, вклучително и граѓаните кои се позитивни на коронавирусот, дома или во болници, како и граѓаните кои се во самоизолација и хронично болните граѓани. Молкот ќе настапи на крајот на денот 12 јули, недела.

15 јули е денот кога граѓаните ќе потврдат дека продолжуваме на правиот пат, патот кон развој и напредок, кон економски раст и интеграција, тврди лидерот на СДСМ, Зоран Заев!

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на прес-конференција соопшти дека 15 јули е „конечен, последен и единствен датум за избори“.

Заев кажа дека разговарал со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и дека овој потврдил дека е согласен за избори на 15 јули.

„Бараа средината на јули, еве им избори на средина на јули“, рече Заев.

Тој кажа дека како одговорна партија презеле чекор за да им олеснат на сите граѓани да заврши оваа игра на нерви од која страда народот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.