Синиша Мијаиловиќ, Добрила Радовановиќ, Зихнија Кошута и Јелица Радовиќ ги изгубија животите во стравичната сообраќајна несреќа, која се случи пред три дена на патот Куршумлија – Прокупје.

Објавил: admin@magazin | 3 мај, 2019 9:16

Заедно патуваа на работа, заедно заминаа во смрт. Имавме 12 минути да ги извлечеме, беше невозможно!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Во општина Куршумлија вчера беше прогласен „Ден на жалост„ поради трагичната смрт на 5 граѓани од оваа општина. Трагедијата се случи пред три дена кога автобус од компанијата „Ниш Експрес„ премина во спротивната коловозна лента и дирекно се судри со камион со приколка.

Синиша Мијаиловиќ, Добрила Радовановиќ, Зихнија Кошута и Јелица Радовиќ ги изгубија своите животи во стравичната сообраќајна несреќа, која се случи пред три дена околу 6:45 минути, на патот Куршумлија – Прокупје.

Сведоци на сообраќајката беа полицајците Марко Милинчиќ и Владимир Савиќ, кои во моментот на несреќата се наоѓале во автобусот. Тие им помогнале на повредените. Покрај нив Саша Вучковиќ исто така полицаец и Иван Вековиќ, војно лице, се наоѓале во автомобил кога се случила сообраќајката.

„Од јачината на ударот, неколку патници паднаа од седиштата. Со колегата Савиќ го скршивме стаклото, за да можеме да влеземе во автобусот. Го зедов противпожарниот апарат од едно комбе и почнав да го гаснам пожарот кој изби во камионот. Прво се појави на предниот дел од камионот а подоцна никој не можеше да влезе внатре.

Ирена Весовиќ имаше 43 години. Остави сопруг и две малолетни деца од три и пет години.

Неговиот колега Савиќ, додава дека слушнал многу јак удар и веднаш почнал да помага на повредените.

Откако го скршивме стаклото, почнавме да им се доближуваме на патниците. Ги извлеков и ги сместив на безбедно. Во тој момент пожарот се прошири и на автобусот. Пожарникарите го гаснеа, а ние повредените ги стававме во возила на Итна помош, додава тој.

„Се боревме да го изгаснеме пожарот. Не можевме да допреме до акумулаторот и моторот, каде што беше пожарот, затоа што тој дел од камионот беше потполно уништен, се сеќавам дека полицајците успееја да го скршат стаклото на задното седиште на автобусот и од тука ги вадеа повредените„

Едни се обидуваа да го изгаснат пламенот, а други ги вадеа повредените. Имавме само 12 минути да ги извлечеме. Трчав до најблискиот двор да најдам буре со вода. Додека се вратив, пламенот буквално го изеде автобусот и не беше можно да се доближи човек да им помогне на патниците. Тешко ми што не успеавме да ги спасиме сите луѓе, рече тој.

Автобусот кој потполно изгоре го користеле и деца и вработени. На среќа тој ден не патувале деца, поради распустот од училиште. Во Куршумлија вчера беше ден на жалост.

Добрила Радовановиќ исто така настрада во автобуската несреќа. Зад себе остави сопруг со кој долги години беше во брак.

Добрила Радовановиќ имаше 50 години и работеше како медицинска сестра, секој ден одеше со автобусот на работа. 

Работеше како медицинска сестра на одделот на ортопедија, каде се упати и тој ден, изјави нејзин роднина. Како што изјави тој, Добрила успеале жива да ја извадат од автобусот, но за жал починала на операцијата.

Беше прекрасна жена, спремна на сите да помогне. Живееше со сопругот, немаа деца, иако се бореше против стерилитет. Нејзиниот сопруг ја имаше само неа, а сега остана сам. Не можете да замислите како му е. Требаше да прослават годишнина од бракот, а сега тој ја сахранува, рече нивниот роднина.

Ирена Весовиќ (43) беше исто така медицинска сестра и пријателка на настраданата Добрила, која изгоре во автобусот. Нејзиното јагленисано тело го извлекоа пожарникарите. Ирена остави сопруг и две малолетни деца од три и пет години.

Беше посветена на синовите и сопругот, работеше во одделението за неврологија во болницата во Прокупје. Со Добрила секој ден одеа со ист автобус на работа. А сега двете настрадаа на ист начин, рече близок пријател на семејството.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести