Blame game во врвот на Владата

Објавил: Узунов Бобан | 17 мај, 2019 11:27

Заигра мечката во СДСМ: Манчевски ги нападна колегите министри од економските ресори

Фото/Текст извор: ©магазин

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски во гостувањето во емисијата „Отворено на Алфа” на прашањето дали власта ја запостави економијата за сметка на политикатa и дали тој лично смета дека потфрлија дел од економските ресори Манчевски. 


Ваквите изјави на министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски може да се толкува како старт на т.н “blame game” односно барање на виновници кај другите за колективните неуспеси на целата Владата во првиот ешалон на власта поради најавената чиста. Исто така е ова е и судир помеѓу двете крила во СДСМ, Дамјан Манчевски како дел од скопското крило со ваквите изјави фронтално го напаѓа т.н провинциско крило во СДСМ во кое главно се министрите од економските ресори Кочо Анѓушев, Горан Сугарески и други.


-Сметам дека во економијата, во било која област секогаш може повеќе. Но кога ја имате водството на владата и премиерот кој е фокусиран на сосема други теми, тоа го зафаќа целиот негов капацитет и ангажман не може да очекувате дека фокусот ќе биде таму. На моите колеги, на економските министри и нив им треба фокусот на целата влада да се сврти кон економските теми, како што треба да се сврти и кон реформи во администрацијата.

Кога клучните луѓе се свртени кон решавање на тие прашања, нормално да се очекува дека во други делови поспоро ќе одат работите, подвлече министерот Манчевски. 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести