Мухамед Зеќири е македонски политичар од албанска етничка припадност, пратеник од редовите на СДСМ и потпретседател на партијата. Зеќири основно училиште завршил во „Лирија“ – Чаир, а средно теолошко училиште во медресата „Иса Бег“ во скопското село Кондово. Дипломирал на студиите по новинарство на универзитетот на Југоисточна Европа во 2001 година, по што се вработил како дописник од Скопје за македонскиот сервис на Радио Слободна Европа.

Објавил: Весна Петровска | 16 септември, 2019 9:49

Закири се расплака од говорот на Мицкоски: Уште да кажевте дека за малку ќе сте се оженеле со Албанка

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Благодарам многу што конечно почна да мислиш на Албанците. Не знам што досега чекаше. Ова му го порача Мухамед Зекири од СДСМ на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по неговото интервју за МРТ2 каде говореше за грижата за Албанците.

– Албанците многу добро знаат како се борите за нив ти и партијата која ја раководиш… Не забораваат Албанците со каква хистерија ја наметнавте темата и говоревте за т.н. “Тиранска платформа”… Да не заборавиме како реагиравте на Законот за јазиците… ..И многу други случаи кога на дело докажавте колку се “грижите” за Албанците во нашата земја, Република Северна Македонија.

П.С: Вашиве зборови ме трогнаа длабоко кога кажувате колку се грижите за Албанците. Дури помислив во еден момент дека – во стилот на Гордана Силјановска – ќе кажете дека за малку ќе сте се оженеле со Албанка, му напиша Зекири.

Лидерот на опозицијата ВМРО -ДПМНЕ имаше интервју за телевизијата МТВ2 каде зборуваше за грижата на Албанците

Мухамед Зеќири е македонски политичар од албанска етничка припадност, пратеник од редовите на СДСМ и потпретседател на партијата. Зеќири основно училиште завршил во „Лирија“ – Чаир, а средно теолошко училиште во медресата „Иса Бег“ во скопското село Кондово. Дипломирал на студиите по новинарство на универзитетот на Југоисточна Европа во 2001 година, по што се вработил како дописник од Скопје за македонскиот сервис на Радио Слободна Европа.

Зеќири во март 2006 година станал главен и одговорен уредник на телевизијата Алсат М. Во Алсат останал до ноември 2015, а потоа преминал во ТВ Шења, каде бил уредник на вестите до септември 2016.[3] Тој по 18 години во новинарството ја напуштил професијата и се зачленил во СДСМ. Бил кандидат за пратеник на парламентарните избори во 2016 во втората изборна единица, каде партијата освоила осум мандати.[4] Зеќири зборува албански, македонски, англиски, српски, и хрватски јазик.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.