Министерката Дескоска веќе побара поддршка од 80 пратеници да го легитимира неуставното СЈО со нов Закон, од ДУИ и порачаа да почека, партиските консултации допрва следат

Објавил: Мартин Попоски | 14 декември, 2018 11:06

Законот за СЈО на ревизија кај Ахмети и “пациентот”

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Новиот закон за СЈО допрва ќе треба да се “испеглa” меѓу владините партнери СДСМ и ДУИ, а дури потоа и со опозициските партии.

Министерството за правда го објави новото законско решение на својот сајт, а министерката за правда Рената Дескоска веќе побара поддршка од 80 пратеници.

Како што брифираат партиски извори, виза за новиот закон за СЈО се уште нема ни од партијата на Али Ахмети и дека за него, но и за пакет законите од правосудството кои поминаа на Влада, во ДУИ ќе има партиски консултации.

Од партијатапотврдија дека допрва ќе ги градат позициите за новиот закон за СЈО.

И додека СДСМ ќе треба да се усогласува со ДУИ за новото законско решение, тоа најверојатно тешко ќе помине кај опозициската ВМРО – ДПМНЕ, барем ако се суди според говорот на претседателот Христијан Мицкоски од митингот во Скопје.

Воздржани за новиот закон засега се и осумтемина од независната пратеничка група.

Висок функционер на ДУИ брифира дека главната дилема е дали СЈО да остане како самостојна институција или да продолжи со својата работа во рамките на Јавното обвинителство.

Тој вели дека ДУИ најверојатно ќе се определи за втората варијанта, односно СЈО да престане да постои како посебна институција, барем како што вели функционерот, доколку ги следат препораките на Прибе. Од партијата на Ахмети засега не откриваат дали имаат забелешки и за конкретни одредби кои се понудени во новиот закон за СЈО.

Од пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ пак, велат дека допрва ќе градат став за новиот закон.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести