Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен и од југозападен правец, кој кон крајот на денов и во вечерните часови, особено Долж Повардарието ќе го промени својот правец во северен.

Објавил: admin@magazin | 3 април, 2021 10:27

ЗАЛАДУВАЊЕТО И ПРОМЕНАТА НА ВРЕМЕТО СЕ ПОБЛИСКУ ДО НАС: НАЈНОВИ ДЕТАЛИ ЗА ВРЕМЕТО ЗА ПОНАТАМУ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

До крајот на денов времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремен локален дожд. Попладне локално ќе има услови за нестабилност проследена со појава на грмежи.

Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен и од југозападен правец, кој кон крајот на денов и во вечерните часови, особено Долж Повардарието ќе го промени својот правец во северен.

Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 23 степени.

Позначителна промена на времето ќе има утре кога ќе имаме претежно облачно време, на повеќе места со повремени врнежи од дожд, додека на планините и на повисоките места, особено на север ќе има врнежи од снег. Во северните и северозападните предели снежната граница локално има услови да се спушти и под 1000 метри.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој Долж Повардарието повремено ќе засилува. Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 14 степени, што значи истите ќе бидат пониски за разлика од денешните дуру за околу 10 степени.

Во Скопје и околината, особено попладне и во текот на ноќта, како и утре ќе има услови за повремени врнежи од дожд. Утре на околните повисоки планини ќе има услови за врнежи од снег, додека максималната температура денес ќе се искачи до околу 21 степени. Утре истата ќе биде пониска дури за околу 10 степени и максималната дневна ќе се искачи до околу 10 степени.

Стабилизирање на времето и пораст на температурите ќе има на почетокот од следната недела.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...