Откако веста ја разбрани фудбалската јавност, сепак една мала доза на задоволство можеше да се почувствува на љубителите на добриот фудбал кои сигурно би сакале во иста лига повторно да ги гледаат дуелите на Меси и Роналдо.

Објавил: Катерина Крстиќ | 27 август, 2020 22:36

Заминувањето на Меси од Барселона го раздвижи европскиот фудбал!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Пред неколку дена во медиумите како бомба одекна веста дека по 11 години ја напушта Барселона и како што објавија светските медиуми, наводно сакал да се проба во италијанската лига, па веќе и постигнал договор со фудбалскиот гигант Интер.

Лионел Андрес Меси е роден на 24 јуни 1987) — аргентински фудбалер кој настапува за екипата за Барселона и репрезентацијата на Аргентина. Се смета за еден од најдобрите фудбалери на својата генерација, а често и за најдобар фудбалер во светот,со неколку номинации за Златна топка и Играч на годината до својата 21. година, а веќе на 22 ги доби и двете.Неговиот стил и вештина потсетуваат на оние на Диего Марадона, кој и самиот го прогласи Меси за свој „наследник“.

Имено Меси кој до сега шест пати беше прогласен за фудбалер на годината и се закити со шест „златни топки“ испратил порака до клубот и побарал да замине од клубот преку активирање на клаузулата, која му овозможува еднострано да замине на крајот на секоја сезона.

Според она што беше објавено во шпанскиот дневен спортски весник „Марка“ оваа клаузула требало да се активира пред 10 јуни, но поради пандемијата, односно одложувањето на фудбалските натпревари можеби доведуваат до тоа тој да побара излез и сега.

Откако веста ја разбрани фудбалската јавност, сепак една мала доза на задоволство можеше да се почувствува на љубителите на добриот фудбал кои сигурно би сакале во иста лига повторно да ги гледаат дуелите на Меси и Роналдо.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фудбал

Репрезентативците на Марково се вистинско изненадување на ова првенство. За потсетување, тие со својата пожртвувана игра претходно во осминафиналето успеаја да ја елиминираат репрезентацијата на Шпанија.


Фото: EPA-EFE/Ali Haider
Напаѓачот и најголема ѕвезда на Португалците, Кристијано Роналдо и овој меч го започна на клупата за резервни играчи. Во игра влезе во 51. Минута, кога селекторот на Португалија реши да го стави на местото на Рубен Невеш.

Португалија имаше доволно време да израмни, напаѓаше силно, но не успеа да ја затресе мрежата на одличниот голман на Мароканците, Боно.


Фото: EPA-EFE/Georgi Licovski
Мароко во полуфиналето ќе ги одмери силите со подобриот од вториот денешен четвртфинален натпревар на Светското првенство во Катар што ќе го играат репрезентациите на Франција и Англија.

Вчера во драматични натпревари, со пресврти за пласман во полуфиналето се изборија репрезентациите на Хрватска и Аргентина кои се првата полуфинална двојка.

Мароко испиша историја: Ја победи Португалија и оди во полуфинале на Светското првенство во Катар

Мароко во полуфиналето ќе ги одмери силите со подобриот во вториот денешен четвртфинален...

Триумфот го донесе Александар Трајковски. Милевски емотивно заедно со останатите играчи го прослави големиот успех, а има и две причини за радост. Првата е секако победата над Италија, а втората е дека денес (25 март) му е роденден!

Благоја Милевски е роден во 1971 година во Скопје. Полни 51 година, баш заедно со победата над Италија. Селекторе, среќен нека е и само успеси со Македонија!

МАКЕДОНИЈА НАПРАВИ СВЕТСКО ЧУДО: Ја победи Италија на нејзин терен и обезбеди финален бараж за Мундијал!

Македонија ги елиминира европскиот првак Италија среде Палермо и дојде само на еден...