Што уште остана да ми земат? Мојот живот? Им го нудам на тацна. “ пишува Трифун Костовски, бизнисмен во својата колумна!

Објавил: Рејхан Бајрами | 25 ноември, 2020 23:26

Замрзнат имотот и личните сметки на Трифун Костовски

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Кривичниот суд му го замрзна имотот на бизнисменот Трифун Костовски, кој беше сопственик на Еуростандард Банка!

Главниот акционер на поранешната Еуростандард банка во интернет колумна насловена „И тоа е можно…“ тврди дека по завршување на предистражната постапка што ја спроведува Јавното обвинителство, целиот негов имот е замрзнат.

„Сега посегнаа да ми го блокираат имотот, бидејќи тоа е можноста да ја водам натамошната битка за вистината. Да појаснам што тоа значи: имам имот, не смеам да го отуѓам, а сакам да го отуѓам бидејќи ми се потребни финансиски средства за водење на оваа војна.

Што уште остана да ми земат? Мојот живот? Им го нудам на тацна. “ пишува Трифун Костовски, бизнисмен во својата колумна!

Инаку Народната банка во август годинава и ја одзеде дозволата за работа на Еуростандард банка поради неисполнување на минималните потребни услови за работа на една банка!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.