Палењето на знамето на Република Бугарија за време на карневалот во Вевчани е недопустливо и за осуда.

Објавил: Владо Марин | 15 јануари, 2021 12:25

Запалено бугарското знаме во Вевчани: Пендаровски – Палењето на знамето е за осуда

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претседателот на државата, Стево Пендаровски со реакција по палењето на знамето на Бугарија во Вевчани. Вчера на последниот ден од карневалот, беше запалено знамето на Бугарија заедно со останатите маски.

Палењето на знамето на Република Бугарија за време на карневалот во Вевчани е недопустливо и за осуда.

Меѓу соседите е неопходно градење на доверба, разбирање и почитување, изјави тој!

Агенцијата Бгнес која е блиска до Каракачанов и до Борисов прва објави за тој настан. Еве што напишаа во својата објава:

За време на годинешниот карневал во Вевчани во РС Македонија, беше запалено бугарското знаме.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.