Во првиот круг на изборите Георгиески освои 13.037 гласови, а Милошевски 10.614. Запишани избирачи во Охрид се 52.303, а во првиот круг гласале 28.118 граѓани.

Објавил: admin@magazin | 5 мај, 2019 9:57

Започна гласањето во Охрид и Ново село – Кој ќе ја однесе титулата за нов градоначалник?

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Според избирачкиот список на Државната изборна комисија, за предвремените локални извори во Охрид право на глас имаат 52.303 граѓани, а во Ново Село 11.365 граѓани.

Изборите за градоначалник во Охрид се одржуваат поради ненадејната смрт на градоначалникот Јован Стојаноски, а во Ново Село се избира нов градоначалник, затоа што Боро Стојчев поднесе неотповиклива оставка бидејќи беше осуден на затворска казна за обид за шверц на цигари.

Во овие две општини гласачот, покрај ливчето за претседател, ќе добие и едно ливче за избор на градоначалник на општината, со оглед дека советите се конституирани на редовните локални избори. За гласањето на локалните избори, гласачот ќе се потпише во изводот од избирачки список кој е наменет за локалните избори кои се гласаат денеска.

Во Охрид во трката за градоначалник се натпреваруваат кандидатот на СДСМ Константин Георгиески и кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Митре Милошевски. Во првиот круг на изборите Георгиески освои 13.037 гласови, а Милошевски 10.614. Запишани избирачи во Охрид се 52.303, а во првиот круг гласале 28.118 граѓани.

За кандидати во Ново Село се кандидирани Никола Андонов од СДСМ и Николчо Стоилков од ВМРО-ДПМНЕ.

Андонов во првиот круг освои 2.693 гласови, а Стоилков 2.753. Во оваа општина се запишани 11.365 гласачи, а на гласање во првиот круг излегле 5.549 граѓани, или 48,83 отсто од избирачите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика