Октоберфест е шеснаесетдневен фестивал којшто се одржува секоја година во Минхен , Германија почнувајќи од крајот на септември до почетокот на октомври.

Објавил: admin@magazin | 22 септември, 2019 11:35

ЗАПОЧНА ПИВСКО ЛУДИЛО ВО ГЕРМАНИЈА: Во Минхен отворен 186. Октоберфест!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Во германскиот град Минхен вчера започна 186. Октоберфест.

Октоберфест е шеснаесетдневен фестивал којшто се одржува секоја година во Минхен , Германија почнувајќи од крајот на септември до почетокот на октомври.

Тоа е еден од најпознатите настани во Германија и најголем светски фестивал, со посетеност од над шест милиони луѓе. По примерот на Минхенскиот настан, и други градови од светот ги одржуваат Октоберфестовските прослави.

Од 2007 година, „Октоберфест“ се одржува и во Скопје, во организација на Македонско-германското стопанско здружение.

Октоберфест е шеснаесетдневен фестивал којшто се одржува секоја година во Минхен , Германија почнувајќи од крајот на септември до почетокот на октомври.

Минхенскиот Октоберфест традиционално се одржува шеснаесет дена, вклучувајќи ја и првата недела од октомври. Во 1994 година, како резултат на Германското обединување, распоредот бил изменет, така што оттогаш натаму, ако првата недела од октомври паѓа на први или втори октомври, тогаш фестивалот продолжува до трети октомври (Германскиот ден на обединување).

Оттука, ако првата недела од октомври е на 1 октомври, фестивалот трае 17 дена, а ако е на 2 октомври, тогаш тој трае 18 дена. Фестивалот се одржува во областа неречена ’’Theresienwiese’’, најчесто нарекувана ’’d’Wiesn’’, која го носи името на принцезата Тереза.

Посетителите исто така јадат огромни количини храна, најчесто традиционална храна како: ’’Hendl’’ (пилешко месо) , ’’Schweinsbraten’’(печено свинско месо) ,’’Haxn’’ (свинска коленица) , ’’Würstel’’ (колбаси) заедно со ’’Brezel’’ (переци), ’’Knödeln’’(компири или лебни кнедли) , ’’Käsespätzle ’’ (сирењаци) , ’’Reiberdatschi’’(компир – палачинки) , ’’Sauerkraut’’ или ’’Blaukraut’’(црвена зелка) со некои баварски специјалитети, како ’’Obatzda’’ (масно вариво зачинето со сирење и путер) и ’’Weisswurst’’ (бел колбас).

Тоа е еден од најпознатите настани во Германија и најголем светски фестивал, со посетеност од над шест милиони луѓе.

Првобитниот „Октоберфест“ се одржал на 18 октомври 1810 год., во Минхен, како прослава на венчавката на крунисаниот принц Лудвиг (подоцна крал Лудвиг Први) со принцезата Тереза од Саксен-Хилдбургсхаузен. Тогаш, тие организирале раскошна трка со коњи (свадбата се одржала на 12 октомври, а трката со коњи на 17 октомври, па оттаму постојат две различни дати за почетокот на „Октоберфест.

По завршувањето на „Октоберфест“ секоја година има околу 1 000 тони отпадоци. Чистењето е платено половина од градот Минхен, а половина од спонзорите. По 2004 год., редовите за во тоалет толку се зголемиле, што полицијата морала да ги регулира влезовите. Оттука, во 2005 год., бројот на тоалети пораснал за 20%, т.е. сега се достапни приближно 1 800 тоалети.

Многу посетители на „Октоберфест“ ги посетуваат тоалетите за да се послужат со телефон. Поради тоа, во 2005 год. било планирано да се намести Фарадеев кафез околу тоалетите за да се спречи телефонирањето со мобилни телефони.

Бидејќи таквите градби не се дозволени во Германија, наместо тоа, биле поставени предупредувачки знаци пред тоалетите за корисниците на тоалетите да не ги користат мобилните телефони во кабините.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Манифестации

Во рамките на културно-уметничката е вклучен и аудиовизуелниот перформанс реализиран врз зградата на Парламентот, со наслов „Минато, сегашност, иднина“ на Емил Петров, Петар Џон и Глигор Постоловски.

Моќта на нашата држава е во нашата разноликост и капацитет да се обединиме како едно

Со премиерната изведба на симфонијата „Убави денови” од Живоин Глишиќ, специјално...

Во рамките на културно-уметничката програма потоа следува аудиовизуелниот перформанс реализиран врз зградата на Парламентот, со наслов „Минато, сегашност, иднина“ на Емил Петров, Петар Џон и Глигор Постоловски.

Дефиле на македонскиот општествен мозаик, премиерна симфонија, визуелни и музички перформанси се дел од програмата пред Собранието за 30 години независност

Свечената програма по повод 30-годишнината од независноста денеска ќе започне пред...

Фестивалот CINEDAYS не само што успешно ја пребродува короната, туку тоа го прави и на најдобриот можен начин, реоткривајќи ги културните простори во Скопје.

ШИЛЕГОВ ГО ПОВИКА ПЕНДАРОВСКИ ЗАЕДНО ДА ГО УРЕДАТ ЦЕЛИОТ ПОКРИВ НА ГТЦ

На затворањето на меѓународниот фестивал на европски филм – CINEDAYS што вчеравечер се...

Бела ноќ, во организација на Универзалната сала, со поддршка на Град Скопје, на граѓаните со својот урбан концепт ќе им ја доближи уметноста, додавајќи и нова, културна димензија.

ВО САБОТА БЕЛА НОЌ НА 10 ЛОКАЦИИ ВО СКОПЈЕ

Скопје и скопјани по 16-ти пат, в сабота на 26. септември, ќе можат да бидат дел од Бела...