Утрово во 6:33 часот започна процесот за третата трансплантација на срце во историјата на нашата земја.

Објавил: admin@magazin | 30 мај, 2021 10:00

Започна третата трансплантација на срце во Македонија (ФОТО)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во тек е експлантација на срце која ја прават колегите кардиохирурзи
д-р Марјан Шокаровски, д-р Васил Папестиев и д-р Никола Христов, откако претходно колегите од Клиниката за урологија д-р Сотир Ставридис, д-р Александар Трифуновски и д-р Виктор Станков ја завршија експлантацијата на бубрези, по што ќе следи трансплантација на органите кај пациенти.

Да се надеваме на успех и да им држиме среќа, посака министерот Филипче! 

Утрово во 6:33 часот започна процесот за третата трансплантација на срце во историјата на нашата земја.

На двајца пациенти ќе им се трансплантираат бубрези. Доцна синоќа заедно со моите колеги Националната координаторка за трансплантација доц. д-р Маја Мојсова Мијовска тимот кардиохирурзи проф. д-р Сашко Јовев, академик Жан Митрев, д-р Марјан Шокаровски, д-р Васил Папестиев, д-р Тања Анѓушева ги направивме подготовките за трансплантација на срце и бубрези од мртов донор чие семејство даде согласност да се донираат органите на пациентот. На тимовите лекари кои ќе ги вршат трансплантациите им посакувам многу успех. Да им држиме среќа“, напиша Филипче во својот статус на Фејсбук.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...