Меѓу 26 и 27 октомври односно утрото меѓу сабота и недела стрелките на часовникот ќе треба да ги поместат за 1 час назад.

Објавил: Весна Петровска | 22 октомври, 2019 8:38

Започнува зимското сметање на времето – еве кога ќе ги поместиме стрелките на часовникот

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Викендов доаѓа промената на времето од летен на зимски режим.

Меѓу 26 и 27 октомври односно утрото меѓу сабота и недела стрелките на часовникот ќе треба да ги поместат за 1 час назад.

Во 3 часот наутро, часовникот се враќа еден час назад и ќе биде 2 часот, што значи денот ќе трае 1 час повеќе.

Преминувањето на летно и зимско сметање на времето првпат е забележано во 1916 година, во земјите на северот на Европа, а досега е воведено во околу 70 земји, за да се заштеди енергијата со тоа што периодот на дневната светлина од раните утрински часови ќе се „премести“ навечер.

Со оглед дека ЕУ планира да го укине поместувањето од октомври 2021 година, ова е најверојатното претпоследно преминување од летен во зимски мод.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести