Доцна синоќа во Лондон пристигна Американскиот претседател Доналд Трамп , а лидерите на НАТО ќе бидат денеска гости на кралицата Елизабета Втора во Бакингамската палата.

Објавил: Катерина Крстиќ | 3 декември, 2019 11:03

Започнува самитот на НАТО во Лондон, Алијансата слави 70 години од основањето

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска во Лондон започнува славењето на 70-годишнина од основањето на НАТО заедницата.  Во Лондон ќе се одржи дводневен самит со цел  да се покаже единството и силата на Алијансата.

Доцна синоќа во Лондон пристигна Американскиот претседател Доналд Трамп , а лидерите на НАТО ќе бидат денеска гости на кралицата Елизабета Втора во Бакингамската палата.

Според одредени европски лидери продолжуваат да ја доведуваат во прашање посветеноста на Вашингтон кон НАТО.

По одлуката на американскиот претседател да ги повлече од Сирија американските сили без да се консултира сојузниците на НАТО.

Со паѓањето на Берлинскиот ѕид во 1989 година, главната цел на алијансата станала придобивање на земјите кои претходно се наоѓале под влијание на т.н. Источен блок, односно поранешните членки на Варшавскиот договор. Ова пред сè се однесува на земјите од Балканскиот Полуостров, кое доведе до проширување на алијансата во 2004 година (Бугарија, Романија) и 2009 година (Хрватска и Албанија). Во 2009 година требало и Република Македонија да пристапи кон алијансата, но поради недоразбирањата со Грција околу името Македонија, таа го блокирала пристапот на Букурешкиот самит. По терористичките напади од 2001 година врз САД, алијансата се насочува кон нови предизвици, ангажирајќи војски во Авганистан и Ирак, со што се смета дека НАТО ја надминува таканаречената „Криза на индентитетот“ од 1990-те години.

Пред извесно време пак францускиот претседател Емануел Макрон ја шокираше јавноста откако изјави дека Алијансата е во состојба на „мозочна смрт“, апелирајќи од Европа да создаде своја безбедносна структура. 

Ваквата скандалозна изјава на Макрон беше негативно прифатена од генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој рече дека европското единство не може да го замени трансатлантското единство.

Според Си-Ен-Ен, далеку од тоа дека е кревка алијанса, НАТО сега е многу помалку еластичен од порано. Затоа, кога лидерите ќе се соберат во Лондон, тие ќе треба да вложат повеќе напори за да премостат некои од нивните разлики. 

Пред само два дена во пресрет на самитоот на НАТО,  вицепремиерката на Македонија Радмила Шеќеринска се огласи на својот Фејсбук профил.

„Гордост! Знамето на нашата татковина кренато на јарбол во Лондон, во пресрет на самитот на НАТО. Заедно со останатите 29 членки. Вредеше!“, напиша Шекеринска.

НАТО или Северноатлантската алијанса , понекогаш нарекувана Атлантска алијанса или Западна алијанса, е меѓународнa безбедносна организација која била создадена со потпишувањето на Североатланскиот договор на 4 април 1949 година. Седиштето на НАТО се наоѓа во Брисел, Белгија и организацијата претставува систем за колективна одбрана со кој нејзините држави членки се обврзуваат за заедничка одбрана во одговор за напад од надворешни лица.

Во првите неколку години, НАТО претставувала еден вид обична политичка асоцијација. Првиот генерален секретар на НАТО е Хастингс Исмеј, кој изјавил дека целта на организацијата е „одбрана од СССР, под раководство на САД и Германија да се држи потчинета“. Како резултат на важната улога која Велика Британија ја добива во алијансата, Франција во 1966 година се повлекла од пактот.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.