Во реновираната палата на правдата во Србија, пред Вишиот Суд во Белград, во вторник на 5 ноември, започнува судењето на Зоран Марјановиќ, кој е обвинет за свирепо и тешко убиство на сопругата Јелена, на 2 април 2016 година во Борча.
Марјановиќ на рочиштето кое се одржа во септември, негираше дека ја убил својата сопруга, а деталната одбрана ќе ја изнесе во вторник на судењето.
Во вторник на обвинителната клупа ќе седне Зоран Марјановиќ, кому ќе му се суди за тешко убиство, за што следи казна до 40 години затвор.
Според обвинението, семејството со патничко возило „мерцедес“, со кое управувала Јелена, дошло до рампата на стадионот, каде пејачката се качила на насипот за да џогира. Веднаш по неа заминал и Зоран, заедно со нивната малолетна ќерка Јана. Ја стигнал Јелена на околу километар од местото каде паркирале.
Ја искористил нејзината доверба и ја намамил да се спуштат во подножјето на насипот, кон каналот, додека Јана останала на насипот. Според обвинението, Јелена се спуштила со него на тревната површина покрај каналот и тука, Зоран прво со непознат предмет ја убодил во темето и во десниот лакт.
Тогаш Јелена, почнала да бега, но тој ја стигнал и ѝ скинал дел од тренерките.
И покрај тоа, пејачката продолжила да бега и влегла во каналот во кој имало вода. Зоран ја стигнал и, како што пишува во обвинението, со неутврден предмет ѝ задал повеќе удари по главата и ѝ го скршил черепот, а пред смртта пејачката вдишила вода од каналот.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.