За инцидентот, мајката дознала од видеото, по што децата сами кажале што се случило. Мајката вели дека сите три деца се трауматизирани и си ги бараат родителите.

Објавил: Весна Петровска | 25 ноември, 2019 9:41

ЗАРАБОТУВАЛА 500 ЕВРА ПЛАТА: Дадилката од пеколот и покрај добрите услови ги малтеретирала децата

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Kафе барот Дежаву во Капитол мол во Скопје објави видео од една од своите безбедносни камери на кои се гледа како жена тепа и малтретира мало детенце, а ОЈО покрена постапка против неа.

Дадилката од Скопје година и половина работела кај семејството чие детенце го истепа минатата недела..

За инцидентот, мајката дознала од видеото, по што децата сами кажале што се случило. Мајката вели дека сите три деца се трауматизирани и си ги бараат родителите.

Инаку, за својата работа, дадилката добивала по 30.000 денари плата.

Основното јавно обвинителство Скопје денеска отвори истражна постапка против 59 годишната негувателка која вчера тепаше двегодишно дете во игротека, за кривично дело – Запуштање и малтретирање на дете од чл.201 ст.1 од Кривичниот законик.

Судија на претходна постапка и одреди 30-дневен притвор на негувателката, поради опасност од бегство, влијание врз сведоци и поради можност да го повтори делото.

Осомничената на 21 ноември, во игротека во угостителски објект, тепаше двегодишно дете за кое била ангажирана како негувателка.

За кривичното дело – Запуштање и малтретирање на дете, предвидена е казна затвор од една до десет години.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести