Апелација со објаснување до јавноста за одлуката за казната

Објавил: Узунов Бобан | 12 април, 2019 9:06

Заради тоа што Фросина поминала на црвено судот ја намалил казната за обвинетиот

Фото/Текст извор: ©магазин

Апелацискиот суд Скопје во врска со реакциите во јавноста по повод одлуката за студентката Фросина Цековска која беше прегазена на пешачки премин кај Универзална сала во април 2015 година ја информираше јавноста за околностите што влијаеле за донесување на неговата одлука во врска со овој предмет. 

Или ќе има правда за моето дете или ќе станеме Див Запад, па секој ќе се снаоѓа како умее и знае, ќе си ја зема правдата во свои раце“, изјави Љупчо Цековски, таткото на прегазената Фросина, по одлуката на Апелација за намалување на казната на три години за возачот Љубиша Видојковиќ. Цековски вели дека болката е уште поголема од пред 4 години кога загина Фросина и за него е неприфатливо, како што вели, толку ниска казна за некој што возел со преголема брзина и усмртил човек на пешачки премин, а потоа избегал и не укажал помош.

– При определување на видот и висината на казната советот судот ги имаше во предвид сите олеснителни и отежнувачки околности на страна на обвинетиот, признанието на вина и досегашната неосудуваност на обвинетиот, како и други околности конкретно наведени во писменото образложение на одлуката, а особено околностите под кои се случила сообраќајната незгода во која согласно приложеното вештачење е утврдено дека придонес, покрај обвинетиот кој го управувал возилото под дејство на алкохол од 1,13 промили и со брзина од 85 км/ч, има и оштетената која како пешак го минувала коловозот на запалено црвено светло за пешаци – велат од Апелација

– Со оглед на наведеното имајќи ја во предвид и судската пракса за ваков вид кривично правни настани, советот на овој суд го осуди обвинетиот на казна затвор од три години, а воедно му изрече и казна забрана за управување со моторно возило од Б категорија во период од една година – наведуваат од скопска Апелација.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести