“Фокус” вчера објави дека постои сомнеж дека војникот е заразен со африканскиот сој на Ковид-19. Според досегашните информации африканскиот сој е еден од најразорните соеви досега.

Објавил: Владо Марин | 11 мај, 2021 18:42

Заразениот војник од Африка вечерва пристигнува во Скопје

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска на денешната прес-конференција соопшти дека војникот кој е на мировна мисија во Централно африканската република, а е заразен со Ковид-19, ќе биде донесе вечерва во Скопје.

„Еден од нашите припадници на Армијата подполковник кој учествува во европската мировната мисија во Централноафриканската Република минатата недела доби позитивен тест на ковид 19 и бидејќи состојбата од страна на медицинските експерти не беше согледана како целосно под контрола по нивна препорака тој со медицинска евакуација ќе биде донесе вечерва во Скопје“, истакна Шекеринска.

“Фокус” вчера објави дека постои сомнеж дека војникот е заразен со африканскиот сој на Ковид-19. Според досегашните информации африканскиот сој е еден од најразорните соеви досега.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести