Турција досега регистрираше 425 смртни случаи поврзани со коронавирус и скоро 21 000 инфекции, од кои повеќето се пријавени во Истанбул, пренесува АФП.

Објавил: Рејхан Бајрами | 4 април, 2020 18:26

ЗАСИЛЕНИ КОНТРОЛИ ВО ТУРЦИЈА: Прекинати меѓународни летови и затворени училишта!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Турција ги засили контролите денес на јавни места, еден ден откако претседателот Реџеп Таип Ердоган воведе употреба на маски за лице за борба против пандемијата на коронавирус.

Турција досега регистрираше 425 смртни случаи поврзани со коронавирус и скоро 21 000 инфекции, од кои повеќето се пријавени во Истанбул, пренесува АФП.

„Од сабота, секој што оди во продавници или пазари мора да носи маска за лице“, рече Ердоган, повикувајќи ги граѓаните да задржат „три-чекори“ растојание едни од други.

На пазарот во Истанбул, кој е отворен секоја сабота, официјалните лица ја мерат температурата на клиентите на влезот. Вели Илдирим, 50), кој продава зеленчук и тврди дека мерките дошле „премногу доцна“.

– Ние сме последни во споредба со остатокот од светот. Дури и тоа не е доволно, треба да има целосно „затворање“ во Истанбул – изјави Јилдирим за АФП.

Како дел од преземените мерки на национално ниво, властите ги прекинаа меѓународните летови, издадоа забрана за патување за лица под 20 и над 65 години и затворија училишта.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Криза

Авиони на израелското воздухопловство бомбардираа 130 цели на движењето Хамас во појасот Газа во последните три часа. Портпаролот на палестинската Црвена полумесечин,а Мухамед Абу Мусабих изјави за Ал Арабија дека во моментов нема безбедни места во Газа, додавајќи дека секторот од север кон југ е под континуирано гранатирање.

„Тајмс оф Израел“ цитираше висок израелски функционер дека војната во Газа „ќе продолжи со денови или недели, можеби и подолго“.

„Нападите врз Газа ќе бидат извршени со максимална сила и во најголем обем, дури и ако тоа е на штета на израелските граѓани кои се затворени таму“, додаде тој.

Израелска армија: Ја презедовме контролата на целиот граничен појас со Газа

Портпаролот на израелската армија Даниел Хагри изјави дека армијата е во состојба...

Претседателот Володимир Зеленски во своето ноќно видео обраќање вети дека Украина на крајот ќе ги врати градовите што ги изгуби од почетокот на сеопфатната инвазија на Русија на 24 февруари.

Руски проектили погодија станови во Киев

Повеќе експлозии одекнаа во станбена населба во украинскиот главен град рано на 26...