Спровдена акциска контрола за техничка исправност на возилата кои вршат јавен превоз на патници

Објавил: Катерина Крстиќ | 21 март, 2019 20:31

Засилени контроли на јавниот превоз- до сега се откриени 35 возила со неисправни сопирачки

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Откако се испостави дека кобната несреќа кај Ласкарци, во која загинаа 16 лица,  се случила поради неприспособена брзина и неисправни сопирачки вчера во неколку општини била спровдена акциска контрола за техничка исправност на возилата кои вршат јавен превоз на патници (автобуси, минибуси и такси комбиња), соопшти МВР.

Автобусот на компанијата „Дурмо турс“ сообраќал на релација Скопје-Гостивар, со 51 патник. Во оваа несреќа поради неисправни сопирачки на автобусот и пребрзо возење настрадаа 16 патници.

Како што соопштуваат од министерството при контролите биле откриени повеќе неправилности кај возилата. Дури 25 возила од Тетово кои вршеле превоз на патници биле со неисправни сопирачки.

Тетовската полиција извршила контрола на 128 возила, од кои како што соопштуваат, пет имале неисправен уред за управување и едно недостиг на опрема. Од полицијата соопштуваат дека 

Поради констатираните недостатоци, од сообраќај биле исклучени 30 возила, на 37 возачи изготвени им се прекршочни платни налози, а на осум барања за поведување на прекршочна постапка.

Ваква контрола била спроедена и во Штип, каде полицијата извршила увид на 57 возила кои превезувале патници. Како што соопштуваат, кај девет возила биле утврдени неисправни сопирачки, кај едно неисправен уред за управување, додека две возила не извршиле вонреден технички преглед. 

Акција за проверка на возилата кои пренесуваат патници беше спроведена и во Охрид, Струга, Кичево и Дебар каде биле контролитани вкупно 111 моторни возила при што констатирани биле вкупно осум неисправности, од кои шест во Охрид и две во Кичево-два, од кои еден неисправен уред за запирање, а од сообраќај биле исклучени осум возила. 

Во Струмица 25 возила биле испратени на вонреден технички преглед, по што кај седум од нив биле констатирани прекршоци за кои се издадени седум прекршочни патни налози. 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.