петок, 19 април 2024

MK/ EN/ DE



Владата одлучила да го задолжи Министерството за внатрешни работи да ги интензивира контролите околу верските храмови за време на претстојниот празник. Имено за сега се знае дека на Велигднеските Воскресни Литургии во сабота навечер ќе бидат присутни само свештениците и новинарите.

Објавил: Катерина Крстиќ | 16 април, 2020 11:25

Засилени полициски контроли околу црквите за Велигден!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Откако во земјава беше одлучено за време на велигденските празници граѓаните да бидат во карантин, заклучно од петок, Велики Петок после 16 часот, до вторник до 5 часот наутро, Владата извести дрека полицијата согласно донесените мерки ќе врши контроли покрај храмовите на МПЦ-АО во саботата пред Велигден и за време на велигденските празници.

Владата одлучила да го задолжи Министерството за внатрешни работи да ги интензивира контролите околу верските храмови за време на претстојниот празник. Имено за сега се знае дека на Велигднеските Воскресни Литургии во сабота навечер ќе бидат присутни само свештениците и новинарите.

Имено за сите оние кои планираат да го прекршат полицискиот час, кој трае најдолго до сега ќе следува парична казна од 2000 евра.

Дополнително, со одлука на Владата е усвоен предлогот на Главниот координативен кризен штаб од состанокот според кој, од четврток 16 април во 16:00 часот, до 05:00 часот во вторник 21 април  да се забрани движење и групирање, односно да се затворат сите паркови, излетнички места, места за рекреација во националните паркови и шуми, како и викенд населбите за време на периодот на забраната и посебен режим на движење за претстојниот празник, а Министерството за внатрешни работи да ги интензивира контролите на овие места“, стои во соопштението на владата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.