При контрола, во објектот биле затекнати пет лица гости и сопственикот М.С.(47) од с.Добридол.

Објавил: Рејхан Бајрами | 14 јануари, 2021 9:33

Затворен угостителски објект во гостиварско поради непочитување на мерките за спречување на ковид-19

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Затворен угостителски објект во гостиварско поради непочитување на мерките за спречување на ковид-19!

 На 13.01.2021 во 19.30 часот во с.Добридол, општина Врапчиште, при извршување работни задачи, полициски службеници од Полициското одделение Галате забележале дека еден угостителски објект работи по дозволеното време.
При контрола, во објектот биле затекнати пет лица гости и сопственикот М.С.(47) од с.Добридол. 
 
Сопственикот М.С. бил лишен од слобода и приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
 
Од страна на Државниот пазарен инспекторат Гостивар објектот бил затворен.   

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести