Чесните членови на ВМРО ДПМНЕ добро знаат во која состојба беше паријата кога Мицкоски стапи на претседателската функција, состојба во која ја доведе ова мафијашко дувло на Мијалков.

Објавил: Катерина Крстиќ | 31 август, 2020 17:52

Захариева: Криминалните СДСМ и ДУИ направија криминална и корумпирана старо – нова влада!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Илона Захариева, координаторот за ЗК за Јужна Европа и претседател на ЗК на ВМРО ДПМНЕ Канели, Италија се огласи на својот официјален Фејсбук профил по повод формирањето на новата Влада. Имено Захариева вели дека оваа Влада, е всушност продолжение на претходната како што вели старо – нова влада: корумпирана, криминална, поданичка, олигархиска.

Нејзиното писмо го пренесуваме во целост…

Криминалните СДСМ и ДУИ направија старо – нова влада: корумпирана, криминална, поданичка, олигархиска.

И покрај сите проблеми што ги има самата СДСМ, најде време да бара оставка и на нашиот претседател Христијан Мицкоски. Со кое право се дрзнуваат да се мешаат во внатрешните работи на друга партија?

Во експресно време мафијашкото крило во партијата, она кое што го тапкаше по рамо Груевски бидејќи им носеше победи и дебели фотељи, не изусти збор во 2014 кога беше време Груевски да ја напушти партијата, за нејзино добро, затоа што беше компромитиран, праведно или не, а тоа и нанесе огромна штета на партијата.

Ете, тоа се истите негови тапкачи по рамо кои со тоа го уништија. Падот на ВМРО ДПМНЕ почна токму поради однесувањето и натчовечките апетити за власт, моќ и пари на овие криминални ликови, кои не бираа и не бираат средства да дојдат до нив.

Целата нивна хипокризија се гледа од нивниот прес во кој соопштија дека ќе ја спасувале партијата. Доколку нивните намери се искрени, има сосема демократски и регуларни патишта за евентуално барање на Вонреден Конгрес, но нивната намера не е тоа. Нивната намера е да ја стават ВМРО ДПМНЕ во функција на Заев само и единствено за профит.

Истите тие душегрижници не излегоа организирано кога Заев го менуваше Уставот и името на државата, кога донесуваа штетни закони, кога направија пуч при изборот на Џафери, кога невини луѓе се осудија за тероризам, кога на сила се наметна законот за двојазичност, ниту збор за погубниот договорот со Бугарија. Оттука, нивната грижа не за ВМРО ДПМНЕ и за Р. Македонија, туку единствено за личен интерес.

Чесните членови на ВМРО ДПМНЕ добро знаат во која состојба беше паријата кога Мицкоски стапи на претседателската функција, состојба во која ја доведе ова мафијашко дувло на Мијалков.

Како Задграничен комитет на ВМРО ДПМНЕ даваме целосна поддршка на Претседателот Христијан Мицкоски кој на овие избори, од очајна состојба, во екот на пандемијата, со огромни суми на пари фрлени од СДС како поткуп, со невиден изборен фалсификат, успеа да собере тиста и дванаесет илјади чисти македонски гласови и како еден од ретките лидери кој се залага за гласање и вклучување на иселениците во изборниот процес и политичкиот живот во Република Македонија.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.