Захариева во врска со суловите под кпои Бугарија би ја поддржала Македонија вели дека бугарската страна е со интерес Скопје да ја признае историјата.

Објавил: Владо Марин | 3 мај, 2020 17:45

ЗАХАРИЕВА: Македонскиот јазик е на основа на западнобугарски дијалект со србизми!

Фото/Текст извор: ©Канал 5

Македонија да ја признае историјата, а ние да ја признаеме нивната реалност, вели шефицата на бугарската дипломатија, Екатерина Захариева, без експлицитно да посочи дали Софија евентуално би ја блокирала земјава  во евроинтегративниот процес.

Македонскиот јазик има свој историски потврден развој кој никој не може и не смее да го избрише сметаат македонските историчари. Наспроти нив, шефицата на бугарската дипломатија, Захариева со тврд спротивен став, македонскиот јазик е на основа на западнобугарски дијалект со србизми.

Захариева во врска со суловите под кпои Бугарија би ја поддржала Македонија вели дека бугарската страна е со интерес Скопје да ја признае историјата.

Захариева:Ние имаме интерес и тие да ја признаат историјата, а истовремено, ние да ја признаеме реалноста во моментов. Тоа е взаемен интерес.

Новинарот: Тука би го додал и јазикот.

Захариева:  Да, и јазикот, тоа е се поврзано. Толку документи има, напишан е во 45-та година, на основа на западнобугарскиот дијалект. Смениле единствено  некои..малку граматика, малку додадле зборови од еден друг соседен јазик.

Новинарот: Српски?

Захариева: Да!

Брисел не смее да дозволи самоволие на Софија, македонскиот јазик не смее да се брише во спротивно залудни сме го потпишале Преспанскиот договор  откажувајќи се од сопственото име, вели професорката Катерина Тодороска од Институтот за национална историја.

Тодороска потенцира дека обновените  провокации од страна на Бугарија се тежок удар за добрососедските однос, но и за релациите на македонскиот и бугарскиот народ. Вели, политичарите треба да сфатат дека историјата ја работат историчарите, секое задирање во идентитетот ги разгорува чувствата на нацијата која некој сака да ја негира, Брисел не смее да преќути.

 Дали ЕУ ќе застане зад оние кои со децении ги гмечеја да си го сменат името или сега повторно ќе не гмечат за непшто друго?И дали сега ќе дојде некоја друга држава која што ќе ни бара да се исселиме од  територијава? Така да, мислам дека ЕУ мора еднаш засекогаш  да застане на своите изјави а да не биде сето тоа  на основа на изнудување само кон еден народ и една нација.“ – вели Проф.д-р Катерина Тодороска редовен професор и научен советник во Институт за национална историја при УКИМ

Македонската страна треба да заземе унисон, единствен,  став дека за идентитетот, за јазикот, за еднострано толкување на историјата нема и не смее да се преговара смета професорот Далибор Јовановски. Вели, Бугарија јасно стави до знаење дека нема до крај да  го поддржат  приближувањето на Македонија кон ЕУ  доколку не се  прифатат нивните нелогични барања. Според Јовановски,  користејчи ја позицијата на помоќна држава како земја членка на ЕУ, Бухарија може да стави вето кога ќе посака  како во 2012 и во 2013 година.

Прво за идентитетот, з ајазикот, за историјата не се преговара и не смее да се преговара. Бугарија  тоа постојано го прави,  и од независноста но и во периодот од  пред независноста на Македонија. Тие нема да прифатат македонска посебност особено не  за периодот пред 1944 година. Дури полиберланите кругови во Бугарија имаат  резерва по тоа прашање. На некој начин таму постои консензус. Добро е  во општеството с е јави силна рекација на бугарските условувања бидејќи било која  македонска влада ќе се соочува со тие барања. Се надевам дека во Брисел ќе разберат за што се работи и дека тие бугарски барања нема постојано да го отежнуваат процесот на пристапување на Мк во ЕУ. “ – вели : Далибор Јовановски – професор по Балканска историја на Катедрата по историја на Филозофскиот факултет во Скопје

Првиот човек на Комисијата за историски прашања, Драги Ѓоѓриев потсети дека:

„Доколку условот за  започнување на преговори на Македонија со Европската унија е откажување од Македонскиот јазик, тогаш  такви преговори не се ни потребни да се започнуваат“, бидејќи македонскиот јазик е реалност и истиот постои.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Кланот од Зајас се стекна со мултимилионски бизниси, на Абази му седат на глава, а Ковачевски не смее збор да изусти!

ВМРО-ДПМНЕ: Кланот од Зајас се стекна со мултимилионски бизниси, на Абази му седат на глава

Кланот од Зајас се стекна со мултимилионски бизниси, на Абази му седат на глава, а Ковачевски...

По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе – Обвинителен акт против едно физичко лице и Обвинителен предлог против правно лице кои се товарат за продолжено кривично дело – Измама од член 247 од Кривичниот законик.

Жан Митрев може да добие затворска казна од 1 до 10 години

Обвинетиот на пациентите и во јавноста прикажувал дека методот хемофилтрација е одобрен...

Левица во својата политичка иднина има две битки, а првото полувреме е со СДСМ, вели лидерот на Левица Димитар Апасиев во интервју за најновиот број на неделникот „Фокус“.

Апасиев: Црвениот тефтер ни е полн, ништо не забораваме!

Јавно кажуваме дека нема да им биде простено на тие параполициски структури кои што...

Дел од гостите само се заблагодарија за поканата, а дел ја искористија можноста да кажат дека дошле за поддршка.

„Се надевам дека во иднина она што е нормално, да се отвораат клубови кои ќе поврзуваат, а ние имаме многу со бугарскиот народ и дека вакви ликови коишто не поврзуваат ќе бидат имиња и на бугарските клубови во Македонија, а не како сега да ги сфаќаме како провокација.“

изјави Димитар Апасиев, пратеник и лидер на Левица.
На улицата пред клубот тешко можеше да се разликува кој е дојден за поддршка, а кој за провокација. Отспротива, без присутни помал број поддржувачи на бугарската ВМРО-БНД. Меѓу новинарите, пак, се појави човек што се претстави како наследник на Вапцаров и се обиде да му подари книга на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски

„Тука се е напишано, особено на последната страница си е напишано, тоа е ракопис на Никола Вапцаров каде што пишува кој е, што е.

–Ќе ви дадам јас една книга од нашата македонска историја што ја напишал Никола Јонков Впацаров за Македонија и неговиот македонски иднетитет. Следниот пат ви ветувам ќе ви дадам книга“,

објаснуваше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

(ВИДЕО) Бугарскиот суд го затвора здружението што го отвори македонскиот клуб во Благоевград

„Во ликвидација“ – пишува во досието на Централниот регистар на Бугарија покрај...