Захариева потсети дека Бугарија го фокусираше својот прв период од ротирачкото претседателство со ЕУ во 2018 година на забрзаниот пристап на земјите од Западен Балкан во 27-члениот блок.

Објавил: Рејхан Бајрами | 31 октомври, 2020 14:57

Захариева: С. Македонија да признае дека идентитетот и јазикот имаат бугарски корен

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Северна Македонија мора да признае дека македонскиот идентитет и јазик имаат бугарски корени, доколку сака да започне преговори со ЕУ, порача во интервју за Ројтерс, бугарската министерка за надворешни работи Захариева.

-Нашата загриженост е поврзана со постојаните тврдења на РСМ кон македонско малцинство во нашата земја. Ако тие ги препознаат корените на нивната нација и јазик, ова ќе заврши, додаде таа.

Захариева потсети дека Бугарија го фокусираше својот прв период од ротирачкото претседателство со ЕУ во 2018 година на забрзаниот пристап на земјите од Западен Балкан во 27-члениот блок.

Ова е уште еден предизвик за Скопје, кој се согласи да го додаде „Северба“ на своето име со цел да се реши повеќедеценискиот конфликт со Грција и да се расчисти патот за влез во ЕУ и НАТО. Преименуваната Северна Македонија се приклучи на НАТО претходно оваа година, потсетува британската агенција.

„Подготвени сме да ги потврдиме моменталните реалности, но тие мора да ја признаат историската вистина“, рече Захариева.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести