Таа го кажа ова кога ја запрашаа што мисли за информациите дека Анкара планира да контактира со НАТО за помош во ескалацијата на конфликтот околу Идлиб, пренесува Итар Тас.

Објавил: Владо Марин | 13 февруари, 2020 7:47

ЗАХАРОВА ИМ СЕ ЗАКАНИ НА ТУРЦИТЕ: Размислете два пати пред да го повикате НАТО во Сирија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека Турција треба да размисли двапати пред да го повика НАТО да интервенира во решавање на ситуацијата во Сирија.

Таа го кажа ова кога ја запрашаа што мисли за информациите дека Анкара планира да контактира со НАТО, за помош во ескалацијата на конфликтот околу Идлиб, пренесува Итар Тас.

Зачленувањето на Република Македонија во НАТО може да биде причина земјата да не може да води независна надворешна политика, изјави неодамна портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

„Што планира Турција и кога треба да го извести НАТО? Што треба да се случи? Се чини дека НАТО не знае што се случува таму. Сепак, имајќи предвид дека организацијата, како што рече Макрон, претрпела мозочна смрт, треба двапати да размисли пред да го направи тоа “, рече Захарова.

Запрашана која е целта на тој можен повик, таа рече:

“Тоа е суверено право на една земја-членка.  Ако НАТО имал можност да ја реши кризата во регионот, мислам дека тие би го правеле тоа долго време, но таквите можности едноставно не постојат”, рече Захарова.

На прашањето за можноста силите на Алијансата да се распоредат во Сирија и да извршат напади, Захарова рече дека е тешко да се нападне во држава која „не е поканета таму“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.