Грчкото државјанство овозможува албанските емигранти полесно да се движат во други земји на ЕУ, што условува децата на емигрантите да заминуваат во други земји.

Објавил: Перо Милчин | 13 јули, 2019 15:29

ЗАЧУДУВАЧКИ: За осум години грчко државјанство добиле 200.000 албански граѓани!

Фото/Текст извор: ©магазин онлине

Албанија е една од земјите со најголема емиграција на населението во Европа. Главната причина за нивното заминување е наоѓањето подобра работа и подобри плати, а со тоа и подобри услови за живеење и подобра иднина, пишува Сител.

Албанските граѓани и понатаму со висока стапка емигрираат во западноевропските земји, но, ова по се изгледа не важи само за Албанците што живеат во земјата, туку и за албанските емигранти во Грција.

Еда Геми, експерт за емиграција, гостувајќи во емисијата „Опинион“ на тиранската телевизија Клан изјави дека од 2011 до 2018 година околу 200.000 албански емигранти добиле грчко државјанство.
Според неа, грчкото државјанство овозможува албанските емигранти полесно да се движат во други земји на ЕУ, што условува децата на емигрантите да заминуваат во други земји.

-Имаме уште еден друг дел на емигранти, од првата и втората генерација, кои добиле државјанство и во моментов се наоѓаат главно во Лондон и Брисел. Од 2011 до 2018 година, околу 200.000 Албанци добија грчко државјанство, со што им е олеснето движењето во земјите на ЕУ. Се проценува дека 35.000 албански емигранти, од втората генерација во Грција, моментно живеат главно во Лондон и Брисел, тврди Геми.

Посочува дека постои и друга категорија на албански емигранти во Грција, кои добиле петгодишна дозвола за престој што им овозможува да се движат и да работат во земјите на ЕУ пет години.
Најпосакувани земји од втората и третата генерација на албанските емигранти со кои ја заменуваат Грција се Германија, Шведска, Норвешка и Велика Британија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Така што, јас верувам дека ние до 2030 година можеме да бидеме членка на ЕУ, доколку ги донесеме одлуките коишто се очекуваат од нас. За тоа веќе постои поддршка и отворен прозорец од страна на ЕУ, рече Ковачевски.

Ковачевски мисли дека до 2023 Македонија ќе влезе во ЕУ

Можноста за поголем пристап на кандидатите за членство до европските фондови ја најави...

Гостиварскиот обвинител Ислам Абази кој е избран за нов шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција е непознат за пошироката јавност. Од него тешко се наоѓа фотографија, а нема ниту биографија. Обвинителите немаа прилика од него да чујат ниту детали за тоа како планира да раководи со едно од најважните обвинителства во државата, кое треба да се справи со организираниот криминал и корупција.

Добивај вести на вибер
dobivaj vesti na viber
Според информации од „А1он“ кои ги добивме од неколку обвинители со право на глас, тој немал испратено ниту програма до нив. Во фелата важи за почитуван колега и обвинител. Има учествувано во изработка на низа закони.

За него постоеја шпекулации дека е кандидат на ДУИ. Тој никогаш не се огласи со став. Потекнува од Зајас, селото од каде е и лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Новиот шеф, Абази, пријавил и дека неговото семејство поседува куќа во Зајас, исто како и Ахмети.



Според анкетниот лист поднесен во Државната комисија за спречување корупција, тој нема ниту куќа, ниту стан, ниту автомобил. Поседува само долгови и мотор. Од недвижнини, на име на неговите родители, има запишано стан во Кичево и куќата во селото на Ахмети. На свое име, има голф 4, кој го стекнал со купопродажба, вреден скоро пет илјади евра. Абази има и кредит oд четири илјади евра, кој го подигнал во 2009 година. Засега не е познато кога последен пат го ажурирал неговиот анкетен лист и дали има промени.

„А1он“ и вечерва се обиде да исконтактира со сега избраниот шеф, Ислам Абази. Го прашавме колку вистина има во тоа дека е кадар на ДУИ, дали се познава со Ахмети и дали остварувал средби, но и каде може да се види неговата програма доколку истата постои. Тој посочи дека изјава ќе даде утре, кога ќе допатува во Скопје.

„Во текот на утрешниот ден ќе дојдам во Скопје и ќе се договориме за изјава преку прес-службата на ЈОРСМ“, вели Абази за „А1он“, неодговарајќи на ниту едно прашање.

Инаку, Ислам Абази беше избран со 66 гласови, преку гласање на сите обвинители во Македонија. На второ место, со 64 гласови или два гласа помалку, заврши скопскиот обвинител Ермон Незири. Досегашната шефица Вилма Русковска доби петнаесетина гласови, а нејзината колшека Деса Пауновска имаше едноцифрен број на поддршка.

Кој е Ислам Абази, новиот шеф на Организиран криминал и корупција

Гостиварскиот обвинител Ислам Абази кој е избран за нов шеф на Обвинителството за...