Бушати е идејниот творец на Рама за Тиранската платформа на албанските политички партии во Македонија и Тиранската платформа на нивните колеги во Прешевската Долина

Објавил: Мирко Бачиќ | 26 август, 2018 8:47

За Албанија официјално сме Северна Македонија!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Албанскиот министер за надворешни работи и за Европа Дитмир Бушати во интервју за тиранскиот весник “Панорама” посакува успешен референдум на 30-ти септември што според него е “шанса за напредок на земјата”.

Посочи дека Албанија березервно го подржувала дијалогот меѓу Атина и Скопје а истовремено поттикнала кохезија на албанскиот политички фактор за да биде протагонист во трансформациските промени кои му “овозможуваат на Скопје да напредува во процесот за членство во евроатланските структури”.

Бушати во интервјуто веќе не нарекува Северна Македонија и најчесто го употребува Скопје кога станува збор за земјава.

“Посакуваме на референдумот на 30-ти септември граѓаните да го поддржат штотуку почнатиот мировен процес. Нашиот сосед пред себе има неповторлива можност. Во тој процес улогата на Албанците е одлучувачка. Демократската стабилност меѓуетничкото разбирање и членството на Северна Македонија во НАТО се во интерес на Албанците.” – смета Бушати.

Новинарот констатира дека пред две години премиерот Еди Рама бил критикуван заради мешање во внатрешните работи на Македонија откако го поттикна објавувањето на “Tиранската платформа”.

Констатцијата ја продолжува и со прашањето кој е придонесот на официјална Тирана во промените кои следуваа во Македонија на што Бушати тврди дека никогаш Албанија не се мешала во внатрешните работи на соседите.

“Во ниту еден случај и во никакви околности Владата на премиерот Рама не си дозволила на самата себе си да се меша во внатрешните работи на соседите. Начелно сме ги третирале драматичните случувања во Скопје влошувањето на демократските стандарди и тенденцијата во изминатите години да се прикажат Албанците како деструктивен фактор и радикални исламисти. Секогаш сме биле заинтересирани за демократска стабилност и напредок на нашите соседи и во нивните најтешки денови.” – одговара Бушати.

Секако посочува дека ќе продолжате да работат на зајакнување на политичката и социјалната кохезија на Албанците таму како фундаментална гаранција за европска држава.

“Со Владата на Заев се преземени неколку чекори напред на билатерален план што претходно не можеше да се замисли. Сега веќе постои механизам за заеднички состаноци меѓу двете влади инициран во Поградец кој го разгледува напредокот на нашите односи како на политичкиот план така и во однос на заедничката развојна перспектива на прекуграничните заедници и пошироко нашите граѓани.” – вели Бушати.

Нагласува оти го радува фактот што меѓуетничката клима е подобрена иако стои потребата да се имплементира концептот на еднаквост меѓу Македонците и Албанците како две главни државотворни заедници.

“Се разбира главната улога во унапредувањето на статусот ја имаат албанските политички субјекти и самите Албанци. Но сметаме дека унапредувањето на статусот на Албанците е приоритетно прашање од национален интерес. Така ние ќе продолжиме да се ангажираме за почитување на права и идентитет на Албанците таму.” – заклучува шефот на албанската дипломатија Дитмир Бушати.

Дитмир Бушати е идејниот творец на Еди Рама за Тиранската платформа на албанските политички партии во Македонија и Тиранската платформа на нивните колеги во Прешевската Долина.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести