-На СДСМ му треба проевропски лидер, затоа што тој ќе ги започне преговорите за членство во ЕУ!

Објавил: Перо Милчин | 28 ноември, 2021 11:31

За Бучковски Заев е најдобриот лидер што го имал СДСМ

Фото/Текст извор: ©фокус/магазин

Тајната на неговиот успех е неговиот карактер, неговата „несовршеност“ и пред се храброст, вели тој за Фокус.

Зоран Заев е најдобриот претседател што го имал СДСМ во изминативе 30 години, вели во изјава за неделникот Фокус поранешниот лидер на СДСМ и премиер Владо Бучковски.

-Заев е најзаслужен за враќањето на СДСМ на власт, по 10 тешки опозициски години. Тој е најзаслужен за влезот на Северна Македонија во НАТО. Тајната на неговиот успех е неговиот карактер и неговата „несовршеност“, но, пред се, неговата храброст – изјави Бучковски.

Тој смета дека има 3 етапи од развојот на СДСМ, при што првиот е поврзан со Бранко Црвенковски, вториот со него и Радмила Шеќеринска и третиот со Заев.

-На СДСМ му треба проевропски лидер, затоа што тој ќе ги започне преговорите за членство во ЕУ. Му треба лидер, кој ќе продолжи со реформите во СДСМ, со демократизација на партијата и јакнење на неопосредната демократија – вели Бучковски.

Коментирајќи ги изминативе локални избори, Бучковски вели дека Црвенковски потсетил на неговите, како што вели, византиски игри од 2006 година.

– Со својот настап во МАНУ, на денот кога започна кампањата за локалните избори, не ни криеше дека е против Заев и неговата Влада. Се друго е веќе видено. Поддршка на терен на независните кандидати и листи во Куманово, Охрид, Дебарца – рече тој.

Целиот текст прочитајте го во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика