Повремено и локално ќе има нешто позначителна облачност, додека само во сабота попладне и во текот на ноќта кон недела ќе има услови за слаб локален дожд.

Објавил: admin@magazin | 1 мај, 2021 7:56

ЗА ВЕЛИГДЕН ВИСТИНСКИ ЛЕТНИ ТЕМПЕРАТУРИ – ДЕТАЛИ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денес, како и за време на продолжениот празничен викенд времето во Македонија ќе биде претежно стабилно, суво, сончево и МНОГУ ТОПЛО за овој период од годината.

Повремено и локално ќе има нешто позначителна облачност, додека само во сабота попладне и во текот на ноќта кон недела ќе има услови за слаб локален дожд.

Повремено ќе дува умерен до засилен ветер од западен и од југозападен правец, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени. Во најтоплите предели истите има услови да се искачат и над 30 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО повремено со умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен и од југозападен правец, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 30 степени.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...