За време на летот Папата истакна дека македонскиот народ има голема културно-историска традиција, кој дури неодамна успеа да ја конституира својата државност.

Објавил: Катерина Крстиќ | 8 мај, 2019 10:32

За време на летот папата Франциск откри што му остави најголем впечаток од посетата во Скопје

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На прес конференцијата, одржана за време на летото на папата Франциск, тој изјави дека Македонија е портата преку која христијанството влезе во Европа бидејќи жителите на македонското тло биле првите Европејци на кои апостолот Павле им го пренел христовото учење.

За време на летот Папата Франциск одржа прес конференција

За време на летот Папата истакна дека македонскиот народ има голема културно-историска традиција, кој дури неодамна успеа да ја конституира својата државност.

Папата на прес конференцијата изјави дека за време на Апостолската посетата која траеше три дена бидејќи папата претходно ја посети соседна Бугарија, посебен впечаток му оставиле две калуѓерки што ги сретнал во Спомен куќата на Мајка Тереза.  Калуѓерките и самите биле сиромашни, но сепак се грижеле и им помагале на други сиромашни луѓе, при што, како што му рекле, кон нив не се однесивале како кон деца за кои се грижат, тука како кон родители, односно со почит и понизност и со добрина и топлина.

Папата за време на летот нагласи дека особено бил среќен што чул дека во Македонија владее почит кон сите религии и постои почитување меѓу припадниците на различните верски заедници.

Папата ја искористи прес-конфернцијата за да му изрази почит на монахот Жан Вание, кој починал денеска, истакнувајќи ја наговата хуманитарна работа, поради кој често бил споредуван со Мајка Тереза.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести