„Не за службено возило од општината, не за службен телефон на сметка на општината и граѓаните.

Објавил: Мирко Бачиќ | 30 октомври, 2021 11:48

За да го сокрие срамот на Заев, Костадинов ќе го продава градоначалничкото службено возило

Фото/Текст извор: ©магазин

Новиот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов преку социјалните мрежи информираше дека градоначалничкото службено возило ќе биде продадено и нема да користи службен телефон.

„Не за службено возило од општината, не за службен телефон на сметка на општината и граѓаните.

Една од првите одлуки кои ќе ги предложам до советот на општина Струмица ќе биде продажба на службеното возило на градоначалникот, финансиите од средствата ќе бидат наменети за проект Младински Културен Центар во Струмица. Само на тој начин ќе ја реализираме нашата заедничка главна цел, Струмица Европски главен град на младите“, соопшти Костадинов.

Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев вели дека вториот изборен круг од локалните избори на 31 октомври за него е влог од „се или ништо“.

Се носи одлуката и граѓаните треба да си знаат. Ова не е никаква закана, ова е чесно споделување на чувствата. Јас реков никој не е определен и гарантиран од татко му или од партијата дека ќе биде таму и таму… Важен е само народот и државата, се друго е минливо – рече Заев на ТВ 21.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.