Дали Македонците почнуваат да се изјаснуваат како припадници на другите етнички заедници за да се вработат ?

Објавил: Узунов Бобан | 24 февруари, 2019 20:55

За да се вработи во јавна администрација Македонка се пишала како Албанка

Фото/Текст извор: ©alsat-tv.mk/магазин

Дирекцијата за извршување санкции вработи раководител на сектор од македонската припадност, иако во конкурсот објавен од Агенцијата за администрација местото беше предвидено за Албанец. Во јавниот оглас број 359/2018, во Секторот за безбедност, третман и обука во Дирекцијата за извршување на санкции, се предвидуваше вработување на припадник од албанската заедница.

Станува збор за Билјана Зефиќ, која во пријавата е прогласена за Албанка, и покрај тоа што нејзината етничка припадност е македонска. Алсат телефонски ја контактираше Зефиќ на албански јазик, но таа призна дека не знае албански. Таа тврдеше дека е Албанка – католик.

Зефиќ, исто така, се повика на својата професионалност како службеник во Дирекцијата за извршување на санкциите веќе 32 години, додавајќи дека таа била кандидатот што ги исполнила сите услови и освоила максимални поени за да ја добие позицијата. Од Агенцијата велат дека во текот на постапката немало прекршувања на постапката.

“Кандидатот успеа заслужено да ги добие потребните поени за оваа позиција. Проблемот во овој случај е тоа што дека според годишниот план за вработување и балансирање, оваа работа треба да припадне на некој од албанската зедница. Но, кандидатката при нејзината апликација, условно кажано го злоупотребила своето уставно право за слободно да ја изрази својата етничка припадност и се декларирала како Албанка“, рече Агрон Сефери, заменик директор на АА. 

Дали етничката припадност треба да биде услов за да се добие работно место во администрацијата или треба кандидатите треба да се избираат според нивните квалитети ?

Законот за јавни службеници предвидува повторување на огласот ако во првиот пат нма кандидати од бараната заедница.

„Кога кандидатката веќе е прогласена за Албанцка, тоа значи дека има кандидат кој ги има бодовите и е избран. За повторување на огласот, Агенцијата за администрација нема надлежности. Тоа треба да го направи соодветна институција“, додава Сефери.

Условите предвидени со закон во текот на постапката за пријавување, во фаза на интервју предвидуваат дополнителни точки во случај ако кандидат од друга етничка заедница познава и македонски јазик. Злоупотреба и лажно декларирање на кандидатите има и во други случаи кои како што дознава Алсат ги има многу – припадници на разни заедници се пријавуваат на конкурси на кои се браат кадри од други заедници.
Адриан Керими

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.