Во текот на изминатата недела (17.09 – 23.09.2020 година) со специјалните возила пајак се отстранети вкупно 358 возила од јавните површини.

Објавил: Владо Марин | 24 септември, 2020 19:58

ЗА ЕДНА НЕДЕЛА ПОДИГНАТИ 358 НЕПРОПИСНО ПАРКИРАНИ ВОЗИЛА ОД ЈАВНИТЕ ПОВРШИНИ!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

ЗА ЕДНА НЕДЕЛА ПОДИГНАТИ 358 НЕПРОПИСНО ПАРКИРАНИ ВОЗИЛА ОД ЈАВНИТЕ ПОВРШИНИ!

Во текот на изминатата недела (17.09 – 23.09.2020 година) со специјалните возила пајак се отстранети вкупно 358 возила од јавните површини.

Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 28 се отстранети од зонските паркиралишта, а другите 330 возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.

Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 368 возило, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга.

Од нив, 28 возила се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести