Движење ќе се забрани само ако има полициски час, вели Заев.

Објавил: Перо Милчин | 18 март, 2020 14:21

За Заев вонредната состојба значи да се средиме малку повеќе како луѓе!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев на денешната прес конференција рече дека вчера имал лидерска средба и заклучиле дека треба да се одложат изборите. Христијан Мицкоски и професорката Гордана Силјановска вчера бараа кризна состојба, рече Заев.

– Заедништвото е најсилното оружје и важно е да ги следиме мерките и препораките од надлежните институции. Секако, уште еднаш ја поставувам одлуката на Владата да побара прогласување вонредна состојба. Тој потег ќе придонесе за брзо и ефикасно да се спроведуваат мерките за заштита на граѓаните.

Уште еднаш им се заблагодарувам на сите што учествуваат во борбата против коронавирусот, а тоа се здравствените работници, полицајците, медиумите и сите други. Одговорно е да бидеме единствени во делувањето, маката да ја споделиме, бидејќи секој граѓанин е подеднакво важен – рече Заев.

За критиките што утрово ги упати лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на адреса на Владата, Заев рече дека Владата не доцни, туку доцни токму Мицкоски.

– Вчера имавме лидерска средба и заклучивме дека треба да ги одложиме изборите. Христијан Мицкоски и професорката Гордана Силјановска вчера бараа кризна состојба. Мицкоски утрово вели дека Владата доцни со мерките и побара вонредна состојба. А сите во светот ни даваат комплименти за тоа како се справуваме со борбата против коронавирусот. Владата не доцни, туку доцни Мицкоски – рече Заев.

– Да се почитуваат обврските. Ќе работат сите дејности како и досега, освен ако Владата не ги затвори. Ќе можеме да излегуваме денски за да завршиме некоја неопходна работа, но мора сериозно да ја сфатиме ситуацијата и да внимаваме максимално, рече Заев.

Старите луѓе смеат да излегуваат надвор, но само доколку мораат. Препораката е да си седат дома и да побараат волонтери кои ќе им помагаат. Дезинфекциски и заштитни средства мора да се користат. Движењето ќе се забрани ако има полициски час, а тоа е само ако не ги почитуваме мерките. Јас, на пример, немам излезено од дома со денови, освен вчера што бев на лидерската средба кај претседателот. Владата ќе може да носи уредби со законска сила и тоа ќе се употреби исклучиво за заштита на јавното здравје – објасни Заев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика