Страшната сцена на тој немил настан остана рана која никогаш нема да зарасне.

Објавил: Весна Петровска | 8 јуни, 2019 21:33

За мене тоа место е гробот на Аркан: Цеца по 20 години прозборе за раните кои никогаш не зараснаа

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Светлана Цеца Ражњатовиќ во едно сведоштво се присетила на тој кобен јануари во далечната 2000 година, па признала дека од тогаш никогаш не стапнала во хотелот каде Жељко Ражњатовиќ е убиен.

20 години од убиствотот на Аркан

– За мене тоа место е гробот на Жељко. Никогаш човек не може да се помири со тоа, но морав да научам да живеам со сите стравови кои ми се случија, рекла Цеца.

Страшната сцена на тој немил настан остана рана која никогаш нема да зарасне.

Цеца од тој ден никогаш повеќе не стапнала во тој хотел. Просто не можела бидејќи морничави сцени и поминуваат пред очите од тоа место. Дури кога нејзини блсики пријатели правеле некакви прослави во тој хотел, таа никогаш не се појавувала, а сите ја разбирале без да и се налутат.

За потсетување, Во хотелот Интерконтинентал во Белград, на 15.01.2000 година,околу 17 часот и 15 минути е убиен Жељко Ражнатовиќ Аркан.

По информациите на луѓето кои се наоѓале во непосредна близина на Аркан во времето на убиството, тој се наоѓал во во ресторанот во хотелот со неговиот телохранител Миленко Мандиќ.

Во истиот хотел била и сопругата на Аркан, Цеца која веднаш го однела во болница.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.