Православната црква неговиот ден го чествува на 10 февруари.Народот верувал дека св. Харалампиј е заштитник од чумата која ја соборил и победил, а тоа, всушност, бил ѓаволот олицетворен во чума, како што се верувало во Охрид.

Објавил: Катерина Крстиќ | 23 февруари, 2020 10:57

ЗА МНОГУ ГОДИНИ: Денеска се слави Харалампиј – светецот кој е чувар од болести

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Свети Харалампиј е христијански светец и маченик од 3 век.

Oвoј свeтитeл бил eпискoп вo Магнeзија и пoстрадал вo свoјата 113 гoдина. Кoга настаналo прогонувањето на христијанитe вo врeмeтo на царoт Септимиј Север, старeцoт Харалампиј продолжил јавнo да ја прoпoвeди Христoвата вeра. Според христијанското верување, ситe маки ги прeтрпeл какo вo туѓo тeлo. А кoга oд нeгo жив кoжата му ја oдралe, нeзлoбивиoт свeтeц им рeкoл на царскитe вoјници: “Ви благoдарам, браќа, за тoа штo истругувајќи гo мoeтo старo тeлo виe гo oбнoвивтe мoјoт дух за нoвиoт, вeчeн живoт”. Oсудeн на смрт и извeдeн на губилиштe, св. Харалампиј ги крeнал рацeтe кoн нeбoтo и Му сe пoмoлил на Бoга за ситe луѓe. Пoстрадал вo 202 гoдина. Нeгoвoтo тeлo гo зeла Галина, царската ќерка, и чeснo гo пoгрeбала[1].

Православната црква неговиот ден го чествува на 10 февруари.

Празникот на св. свештеномаченик Харалампиј народот го вика и Чуминден, зашто овој светец од христијанскиот календар е поврзан со болестите и се смета за чувар од нив, а се врзува и со чумата, зашто таа се сметала за најопасна болест. И на фреските во нашите цркви св. Харалампиј е претставен како ја држи чумата во синџири, како ја тепа и мачи. Народот верувал дека св. Харалампиј е заштитник од чумата која ја соборил и победил, а тоа, всушност, бил ѓаволот олицетворен во чума, како што се верувало во Охрид.

Именден празнуваат: Харалампие, Ламбе, Хари…

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.