Мукоски и колегите беа пуштени од притвор и стигнаа да формираат став за поддршка за уставните измени, за Ченто, Јовановси и Илиевски се применува правдата на Заев

Објавил: Мартин Попоски | 28 октомври, 2018 9:37

За Мукоски една, за Ченто, Јовановски и Илиевски сосема друга правда

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Селективната репресивна правда и независно партиско судство на Заев, се покажаа на дело. 

Откако се испазарија, трите поранешни пратеници на ВМРО – ДПМНЕ, кои се прво осомничени за немилите настани во Собранието на Македонија од 27 април минатата година, беа експресно пуштени да се бранат од слобода.

Меѓутоа за нивните “соборци” правдата е слепа, затоа што тие немаат моќ на пратенички глас, да го продадат за поддршка за уставни измени.

Имено апелациониот суд во Скопје се уште не ја објавува одлуката на судот за гаранциите кои притворени лица за 27 април ја нудат за замена на мерката притвор со поблага мерка.

За разлика од гласачката машина пратеникот Крсто Муковски кој за два часа по “брза постапка“ беше ослободен за да може да гласа за уставните измени, внукот на првиот претседател на Македонија Јане Ченто, актерската легенда Владо Јовановски и познатиот архитект и активист Богдан Илиевски и по 8 дена немаат одговор на своите барања со што македонското судство практично покажува што е селективна правда.

Предходно на јавната седница обвинетиот Јане Ченто понуди гаранција од 525.000 евра вредност на имот кој го понудија 7 семејства, за да биде пуштен да се брани од слобода, нешто што претходно им беше овозможено на повеќе лица во случајот за 27 април.

Јас, почитуван суде, нема да бегам! Бегаат само кукавиците! Јас нема да побегнам од мојот син. Оваа гаранција, од безмалку 530.00 евра, ја обезбедија седум семејства. Мои роднини пријатели. Јас сигурно нема да им донесам неволја на тие луѓе. Впрочем, јас пред ‘Шутка’ бев еден месец во куќен притвор и да сакав да бегам – ќе избегав! – рече тогаш обвинетиот Ченто

На истата седница беа истакнат и жалбите на обвинетите Владо Јовановски и Богдан Илиевски, за кои исто така одлука се уште нема.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.