Порталот „ШќипМедиа“ контактирал со објавувачот на информацијата, кој ја потврдил веста и додал дека утре ќе објават и фотографи од новата невеста на Реисот.

Објавил: Катерина Крстиќ | 23 мај, 2020 19:14

За некого двојна прослава: Реисот Сулејман Реџепи се оженил со 24 годишна девојка!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Реисот Сулејман Реџепи одлучи повторно да стапне на лудиот камен, пишува на објавата на „Шкупи Нисма“ на социјалните мрежи, која ја пренесуваат и дел од медиумите на албански јазик.

Неговите 74 години не го спречија Сулејман Реџепи да создаде нова лубовно-брачна врска со 50 години помлада девојка. Џематот ни сподели и повеќе информаци, но ние нема да се занимаваме со приватноста на никого. Му посакуваме живот како што заслужил – пишува во објавата на „Шкупи Нисма“ на Фејсбук, кој постојано ги критикува политиките на ИВЗ.

Во контекст на трошењето на парите на ИВЗ, пет години Исламската верска заедница немала поднесено финансиски извештај за своето работење до Управата за јавни приходи.

Порталот „ШќипМедиа“ контактирал со објавувачот на информацијата, кој ја потврдил веста и додал дека утре ќе објават и фотографи од новата невеста на Реисот.

Неодамна антикорупциската комисија информираше дека продолжува по нејзиното постапување по предмет оформен по пријава со наводи за сомневање за незаконски постапувања на поглаварот на Исламската верска заедница, Сулејман Реџепи.

За Реџепи веќе е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство, бидејќи, според сознанија на луѓе во ИВЗ, а како што стои во пријавата, тој незаконски ги трошел парите на верниците.

По истиот предмет сега постапува и Државната комисија за спречување на корупцијата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести