- Со измените и дополнувањата на Законот за заштита на децата за 16 отсто се зголемуваат платите на воспитувачите/ките, негователите/ките, стручните работници/чки и соработници/чки. Се зголемуваат и платите на помошно-техничкиот пероснал со Колективен договор потпишан со синдикатот. Исплатата на зголемените плати започнува со исплатата на јунската плата во текот на месец јули, информираат од Министерството за труд и социјална политика (МТСП).

Објавил: Весна Петровска | 28 јуни, 2019 19:29

За некого мајка за друг маќеа: Зголемени се платите во градинките, но не за сите вработени

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Владата реши јунската плата за вработените во гардинките да биде повисока за 16 отсто.

– Со измените и дополнувањата на Законот за заштита на децата за 16 отсто се зголемуваат платите на воспитувачите/ките, негователите/ките, стручните работници/чки и соработници/чки. Се зголемуваат и платите на помошно-техничкиот пероснал со Колективен договор потпишан со синдикатот. Исплатата на зголемените плати започнува со исплатата на јунската плата во текот на месец јули, информираат од Министерството за труд и социјална политика (МТСП).

– Градинката е место каде започнува развојот на детето. Тука децата го осознаваат светот, тука ги градат темелите на нивниот понатамошен развој и напредок. Токму затоа, ние продолжуаме да инвестираме во нови објекти, но и во кадрите кои се грижат за нашите најмлади и целокупниот квалитет на предучилишното образование, се наведува во соопштението од МТСП.

Лицата кои работат како хигиеничари, готвачи, чувари во градинките, ќе треба да се задоволат со онолку колку што земале и до сега. За нив ветувањето  не важи.

-Покачувањето на платите на вработените во градинките продолжува и во 2019 година. Со измените на Законот за детска заштита коишто се во собраниска процедура и треба да се најдат на гласање пред пратениците е предвидено покачување на платите на кадарот во градинките. Со истите измени за прв пат се предвидува и кариерен развој во секторот детска заштита, со што се враќа достоинството на вработените во градинките, информираа од Министерството за труд и социјална политика во почетокот на годинава.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести