За Нова година се очекува поприлично топла ноќ, па наместо снег граѓаните можат да очекуваат дождлив ден.

Објавил: Перо Милчин | 22 ноември, 2019 23:08

ЗА НОВА ГОДИНА се очекува “ЖЕШКО ЛЕТО”: Од снегот ни трага ни глас за новогодишната ноќ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Снежни врнежи ги изненадија граѓаните на Босна и Херцеговина. Снег падна на Купрес на југозападот на зeмјата.

Според порталот „AccuWeather“ декември ќе биде благ со температури кои се нешто над просекот за овој период од годината, но голема е веројатноста дека децата нема да имаат преголеми шанси да му се радуваат на снегот.

За регионот во кој што влегува и Македонија, според прогнозите се очекува декември да има просечна температура со околу степен и половина над просекот.

Постои и можност на повремено спуштање не екстремно студени воздушни маси од Арктикот кој би ги спуштиле температурите на воздухот и под 20 степени, но ова е сосема нормална појава за нашиот дел од Европа во текот на зимскиот период. Исто така со спуштањето на студените воздушни маси од Арктикот и северот и од североисток од Европа и судирајќи се со топлите морски воздушни струење над нашите краишта, може да се формираат циклонски системи кои условуваат врнежи од снег и вистинска снежна бајка, но ова ќе се случува во првите месеци од следната година.

За Нова година се очекува поприлично топла ноќ, па наместо снег граѓаните можат да очекуваат дождлив ден. Долгорочните прогнози укажуваат дека оваа зима ќе биде мека, со невообичаени и натпросечни температури.

Што се однесува до снегот, се очекува тој да се појави некаде во втората половина од декември, односно во периодот од 24 до 26 декември. Но важно е да се спомене дека тоа е само појава на снег, но не и снежна покривка која со нетрпение ја очекуваат најмладите.

Можно е тогаш да ги видиме снегулките во текот на вечерните или утринските часови, но до формирање на снежни покривки нема да дојде.

Вистинската зима не очекува дури во јануари.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...