Студијата за мумиите започна сосема случајно, затоа што во музејот, за време на класификацијата на она што го имаат, сфатиле дека не знаат ништо за нив.

Објавил: Катерина Крстиќ | 30 јули, 2020 12:02

ЗА ПРВ ПАТ СКЕНИРАНИ ДВЕ ДРЕВНИ МУМИИ: Во нив не се пронајдени човечки остатоци туку нешто сосема неочекувано!(ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©Kurir.rs/Sputnjik

Две минијатурни мумии, кои беа откриени во Египет, за прв пат се скенирани за КТ, со што се покажа дека во нив нема човечки остатоци, како што очекуваа археолозите.

Мумиите со децении се сместени во музеј во Хаифа, Израел, но досега не биле детално проучувани, бидејќи се верувало дека го содржат срцето на починатиот во чиј саркофаг биле пронајдени.

Две мумии долги 45 сантиметри, во форма на човечко тело, со децении се сместени во музеј во Хаифа, Израел, но досега не биле детално проучувани, бидејќи се верувало дека го содржат срцето на починатиот во чиј саркофаг биле пронајдени.

Бидејќи за прв пат биле снимени со СТ-скенирање, откриено е дека во нив нема човечки остатоци. Во едната беше мешавина од жито и кал, а во другата мумифицирана птица, најверојатно, сокол.

„Птицата нема лева нога, но никој не знае зошто“, рече д-р Марсија Ксавит, која ги снимаше мумиите.

Досега е познато дека мумиите се стари повеќе од 2.000 години, вели Рон Хибел од музејот во Хаифа, каде се чуваат.

Студијата за мумиите започна сосема случајно, затоа што во музејот, за време на класификацијата на она што го имаат, сфатиле дека не знаат ништо за нив.

Постојните белешки велат дека содржат остатоци од мумифицирано срце, но тоа не им изгледало логично на експертите, затоа што срцето обично се оставало во внатрешноста на телото да биде мумифицирано, бидејќи во верувањата на античките Египќани срцето играло одлучувачка улога дали некој ќе добие вечен живот.

Мумијата исполнета со кал и зрна жито е направена во форма на Озирис, бог кој симболизирал вечен живот, живот по смртта, но и вегетација.

За време на фестивалот посветен на него, објаснуваат експертите, таквата мешавина од кал и зрна се потопува во вода, по што зрното ќе започне да ‘рти, што всушност е симбол на улогата на Озирис како бог на животот.

Втората мумија, која содржи остатоци од птица, е во форма на богот Хорус. Овој бог, според египетската митологија, има глава на сокол и тој е син на Озирис и божицата Изида.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.